20. Октомври (Недела) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - МАЛАГА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:15 часот. Полетување за Малага во 13:15 и пристигнување во 16:55 часот. Трансфер до хотелот во Малага и сместување. Овој шпански приморски град, сместен на брегот на Медитеранот, полн е со траги од богатата историја, а изобилува и со пулсирачки модернизам. Освен по широките Авении со палми и паркови со тропски растенија, градот е препознатлив и по мавританската тврдина Гибралфаро и палатата Алкасаба, за која се вели дека била еднаква на Алхамбра, но била запоставена низ вековите… Ноќевање.
21. Октомври (Понеделник) МАЛАГА
Појадок. Разглед на најголемиот јужен европски град Малага, наречен уште и „Престолнина на Коста дел Сол“ и родното место на прочуениот шпански сликар Пабло Пикасо, можност за посета на музејот со неговите дела, прошетка до Римскиот театар, стариот градски кварт и Катедралата… Слободно време за шетање и уживање покрај море. Ноќевање.
22. Октомври (Вторник) МАЛАГА - СЕВИЛЈА
Појадок. Патувањето продолжува за Севилја. Пристигнување во најинтересниот и најраскошниот град во Андалузија и сместување во хотелот. Препорачуваме прошетка до квартот Санта Круз со вкусување на шпанскиот “тапас” и до реката Гвадалкивир со Златната Кула, од каде во 16 век испловувале Магелан и Кортес. Ноќевање.
23. Октомври (Среда) СЕВИЛЈА
Појадок. Разглед на “престолнината” на Андалузија, Алказар, некогашна маварска владетелска палата, величествената Катедрала со повеќе олтари, со дела од познатите шпански сликари Франциско Зурбаран и Гоја и високата кула Гиралда со маварска декорација… Во вечерните часови, факултативна посета на шоу програма со фламенко танц, настанат во “темпераментната” Андалузија. Ноќевање.
24. Октомври (Четврток) СЕВИЛЈА - КОРДОБА - ГРАНАДА
Појадок. Тргнување за Кордоба, “осамениот град во срцето на Андалузија”, на брегот на реката Гвадалкивир. Разглед на градот опеан во стиховите на Лорка, град кој ги зачувал своите архитектонски бисери како што се: Стариот мост, Еврејскиот кварт и Џамијата Мескита, симбол на градот и чудо на архитектурата, дел од богатството заштитено од УНЕСКО. Патувањето продолжува за Гранада. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотелот. Ноќевање.
25. Октомври (Петок) ГРАНАДА
Појадок. Разглед на сликовитата Гранада, град на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон. Посета на величествената Алхамбра, чие име на арапски значи „Црвена тврдина“. Тоа е една од најголемите туристички привлечности на Пиринејскиот Полуостров, комплексот од исламски и христијански објекти, заедно со прекрасните градини претставувал инспирација за многу поети. Од 1984 година се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Ноќевање.
26. Октомври (Сабота) ГРАНАДА – МАЛАГА – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран превоз до Аеродромот во Малага. Полетување за Истанбул во 12:10 часот. Пристигнување во Истанбул во 17:25 и полетување за Скопје во 19:00. Слетување во Скопје во 19:30 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 999 евра (61.950 денари)
Цената вклучува:
– Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Малага–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси
– Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
– Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
– Шест ноќевања со појадок во Хотели 3* (Две во Малага, Две во Севилја и Две во Гранада)
– Разгледи и прошетки во градовите според програмата
– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената не вклучува:
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
– Патничко-здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари