Хотел Maya Bay – Калитеа MAYA BAY KALITHEA
Локација:
Грција / Халкидики / Касандра / Калитеа. Хотелот има одлична локација, земајќи го во предвид фактот дека се наоѓа во близина на центарот на Калитеа, која истовремено нуди прекрасен поглед на Заливот Торонеос. Во близина на хотелот се наоѓаат најпознатите ноќни клубови од овој регион, кои нудат разновидна програма.
Плажа: Неполни 5 минути од песочна плажа.
Услуга: Ноќевање
Интернет: Бесплатно на бар / базен.
Сместување: Стандардна Двокреветна соба (Double Standard Room) - Двокреветни стандардни соби имаат страничен поглед на море.
Вид на дополнително легло: кауч на пуштање, може да се сместат 2 деца до 11.99 години или 1 возрасен.
Сите соби се опремени со ТВ, мини бар, клима уред, телефон, фен за коса, LCD телефизор, сеф, софа (дополнително легло), балкон, купатило со туш.
Хотелски содржини:
Надворешен базен (бесплатно), бар покрај базен, рецепција 24 / 7, игротека за деца
Важна напомена:
При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата.
*бројот на соби кој може да се резервира со Early Booking попуст е ограничен!
Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд
Во цената е вклучено:
•7 ноќевања
•Користење на клима уред
•Wi-Fi на базен и бар / лоби
За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на терминот со пониска цена
Доплати:
• Туристичка такса од 1,5 евра по соба на ноќ која се плаќа во хотел;
•2-ро дете од 0-11,99 години - доплата од 9€ на ноќ;
•Трет возрасен сместен на дополнително легло 13€ на ноќ
Напомена за резервации со попусти:
•бројот на соби кој може да се резервира со попуст за рани резервации е ограничен!
•агенцијата го задржува правото на промена или прекинување попустите пред наведените датуми на истекување.
•резервациите направени со еден попуст не може да се комбинират со друг попуст!
•доколку уплатата не се изврши навреме резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата и истото не е причина за отказ на постоечката резервација.
•за уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена, овој попуст неможе да се комбинира со други попусти
•Во случај на отказ на резервациите уплатени со попуст за рана уплата до 15 дена пред патување уплатените средства се пренаменуваат во ваучер за следно патување.
Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува автобус.
Во Неа Потидеа автобусот застанува на станицата на главниот пат веднаш до Lemoni Bakery и од таму патниците имаат организиран превоз до хотелот Potidea Golden Beach
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.