Вилата се наоѓа во новиот дел на Сарти, попознат како плажата Сарти Бич, во средина идеална за пријатен и релаксирачки одмор. Само шеталиштето ја дели вилата од песочниот дел на плажата, каде што влезот во морето е постепен, погоден за семејства со мали деца. Од Центарот на Сарти е одалечена на 1,7км.
За оваа програма нема да има организиран превоз, понудата се однесува за сопствен превоз
-Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
-Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
-Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
Првите два и последните 3 термина се ПРОМО ЦЕНИ, и истите на подложат на попуст
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2023, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 03.03.2022
Опис на сместување
Сместувачките капацитети се дизајнирани за сместување од две до четири лица. Голем број студија/апартмани имаат директен или страничен поглед на море, поглед на градина, 1/2 еко студиа кој немаат поглед , а секое од нив има комплетно опремена кујна, бања/тоалет, тераса или седење, ТВ, WiFi интернет и клима (се доплаќа на лице место од 5е на ден)
-Eko 1/2 студиата (гледат во ѕид)
-Еко 1/3 студиата се на приземје и немаат сопстена тераса, т.е седењето им се наоѓа пред врата во внатрешниот дел на вилата (двор)
-1/2ссв студиата гледат во ѕид и странично према море (нема чист поглед)
-1/2пул вју се свртени од внатрешноста према базен,
-1/3+1 собата е лоцирана на приземје и има своја надворешна тераса,
-1/4св е лоцирана на 1ви спрат и гледа према улица и према море.