Вила Сирагаст(нова вила, втора година во употреба) на 30-40 м. од плажа, комфорни студиа: 1/2, 1/3 (за две возрасни и едно дете или три возрасни), и 1/2+2 студиа (за две возрасни и две деца), и 1/2+2 апартмани-мазонетки (за 4 возрасни лица-две лица во дневна, две лица на спрат-одделна соба)
Во студијата: опремени кујни, купатило, телевизор, комфорни тераси, клима уред ( вклучен во цената) безжичен интернет…
Сите се со поглед према море.
Менување на чаршави во собите е на секои 4 дена.
Можност за користење 2 лежалки и чадор, 2 кафиња и 2 води (0.5л) за само 5 еур.
И во ресторанот на вила Сирагаст гостите на агенцијата имаат попуст од 20%
СОПСТВЕН ПРЕВОЗ
Цените се во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Клима уред
Безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување (задолжително е)
Туристика такса 0.5 € по соба по ден (се плаќа во агенција)
Личен трошок на патниците
Неспомнати услуги
Останати услови :
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
При сместувањето, ако гостите забележат некој недостаток, или дел од инвентарот да е оштетен, должни се да ги известат сопствениците на објектот,или лицето кое ги сместува, за да не дојде до плаќање на веќе оштетен инвентар.
Агенцијата организатор не може да ја гарантира брзината ниту достапноста на интернетот во објектите каде што е наведен интернетот како бесплатна услуга.
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.