Вилата Петридис се наоѓа на првиот ред вили во Метаморфозис. Идеално место за фамилијарен одмор. Вилата располага со четворокреветни апартмани кои се наоѓаат на високо приземје и први кат бр.12 и бр.17. Сите апартмани се опремени со кујна во која има два поединечни кревети сопствен тоалет, ТВ, клима и спална која има дупли кревет и излегува на балкон. Во дворот на вилата во паркот има играчки и лулашки.
Цените за термините (14.05; 21.05; 28.05; 04.06; 03.09;10.09 и 17.09.) означени со ѕвездичка * се пакет аранжмани и се дадени по лице за 7 ноќи со вклучен превоз
Останатите цени се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќи
За пакет аранжман во апартман потребни се минимум две суми/лица, трето, четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат.
За патување со сопствен превоз кај пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
НАПОМЕНИ:
- За рана резервација се уплаќа аванс од 50% веднаш, остатокот 21 ден пред поаѓање.
- Попустите за рана резервација не важат за пакет аранжманите (термините означени со ѕвездичка)
- Превозот ги остава патниците до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде е возможно да застане.
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денари (1€=62ден).
- За уплата за два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена.
- На акциски попуст или на смена со ѕвездичка на втората смена не се одобрува попуст за два последователни термини.
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник не се менува цената на веќе договорените услуги.
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови на патување.
- За валидна резервација се смета само резервација со уплата на 30% од вкупната вредност на аранжманот.
- Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна 21 ден пред поаѓање.
- Во случај на веќе уплатен аранжман со попуст или рана резервација, средствата не се враќаат доколку патникот се откаже од патувањето.
- Во случај на направена штета во студијата, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за истата.
- Агенциајата не е одговорна за квалитетот и брзината на интернет конекцијата.
- Доплата за туристичка такса (о.5еур од соба од ноќ) се врши во агенција.
- Апартманите и студијата немаат крпи за лице и тело, имаат тоалетна хартија и сапун.
- Користење на клима и WI-FI е бесплатно.
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
- 45 € за возрасни – повратна карта;
- 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
- 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец
- Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
Опис на апартмани
Апп.бр.12 (1/2 +1/2)+1
Апартманот се наоѓа на високо приземје.
Апартманот располага со кујна, една спална, купатило со WC и тераса со маса и столици. Во кујната има два поединечни кревети и кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, аспиратор,фрижидер и две рингли.Во кујната има простор за додавање на креветче на расклопување во случај да има 3 деца.Во спалната соба има еден дупол кревет плакар за алишта,клима уред и тв.Од спалната се излегува на тераса со маса и столици.Апартманот е опрмен на сите прозори со комарници.
Апп.бр.17 (1/2 +1/2)+1
Апартманот се наоѓа на први кат.
Апартманот располага со кујна, една спална, купатило со WC и тераса со маса и столици. Во кујната има два поединечни кревети и кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, аспиратор,фрижидер и две рингли.Во кујната има простор за додавање на креветче на расклопување во случај да има 3 деца.Во спалната соба има еден дупол кревет плакар за алишта,клима уред и тв.Од спалната се излегува на тераса со маса и столици. Апартманот е опрмен на сите прозори со комарници.