Оваа вила е лоцирана на страната на Венецијанската тврдина и нуди комуникација со двете страни на градот. Студијата 02 и 03 поседуваат сопствена кујна (фрижидер, решо со две рингли, прибор и садови според бројот на гостите), квалитетен намештај, ТВ, клима и сопствена тераса со гарнитура за седење. Климата се доплаѓа 5 евра на ден по студио.
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА БРОЈ НА НОЌЕВАЊА ПО ЛИЦЕ, БЕЗ ПРЕВОЗ
Прво и второ дете од 2-14 год. плаќаат цена по табелата во придружба со 2 возрасни лица по цена од СТД 02 и користат стандарден и помошен кревет во СТД 03 или заеднички кревет (дете до 6 год ) со возрасните лица.
Kлимата се доплаќа 5 евра на ден по студио
ТУРИСТИЧКА ТАКСА
Од 01.01.2018 година Министерството за туризам на Р.Грција има воведено туристичка такса за сите гости кои престојуваат во оваа држава, и истата се наплатува на лице место кај сопствениците на приватното сместување или на рецепција кај хотелското сместување.
НАПОМЕНА
- Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
- Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
- Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
ПЛАЌАЊЕ И УСЛОВИ
Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.