Villagio Maistro е комплекс од 12.000 m2 лоциран во Лефкада, во областа позната како Агиос Јоанис. Прекрасниот комплекс е на 600-700м. од плажата Аг. Јоанис која има сино знаме, а од центарот на главниот град Лефкада околу 1500м. Овој прекрасен комплекс има 6 згради за сместување на гости. Од нив има 11 мезонети, 5 бунгалови и 30 апартмани, кои се опкружени со бујна вегетација, маслинови дрвја и прекрасни цвеќиња. Во неговиот состав има и еден базен со големина од 100 м2 и максимална длабочина од 2,30 м, уште еден БАЗЕН со големина од 130 м2 и максимална длабочина од 1,6 м и детски базен со големина од 70 м2 и максимална длабочина од 0,5 m. Покрај базенот има и бар. Голем ресторан за појадок се наоѓа веднаш до базенот. Има голем покриен паркинг, одлично детско игралиште кое вклучува лулашки, клацкалки, лизгалки... Има и терен за фудбал и кошарка (еден гол и еден кош), како и за поголеми деца и возрасни. , маси за пинг понг, билијард и други забавни игри (КОРИСТЕЊЕТО НА СЕ ГОРЕНАВЕДЕНОТО Е БЕСПЛАТНО). Исто така, има повеќе места за правење скара. Рецепцијата на овој комплекс се наоѓа на самиот влез во комплексот. Одличната локација на комплексот ви овозможува да стигнете до плажата и срцето на градот со лесна прошетка. Една од најпопуларните плажи на Лефкада, Катизма, се наоѓа на нешто повеќе од 10 километри од комплексот. Идеално место за секаков вид гости. И за парови, како и за семејства со деца.
Линк од хотел: VILLAGIO MAISTRO 3* LEFKADA
ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 15.09.2024 40% ПОПУСТ ЗА ПРЕСТОЈ ВО ПЕРИОД ОД 01.09 ДО 24.09.2024