fbpx

Одмор во ИТАЛИJА - Калабриja, Плажите на Тропеја

  • Понудата е објавена на 11/11/2025

ДЕН 1
Софија – Катанија –
Тргнување од аеродромот во Софија со лет на компаниите Wizz Air или Ryanair до Катанија. Слетување на аеродромот во Катанија. Трансфер до хотелот во Тропеја, Калабрија. Сместување. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 2
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

По желба и претходно резервирање: Целодневна екскурзија до Тропеја, вклучувајќи 3-часовно патување со брод до Капо Ватикано, слободно време за плажа и пешачка тура во Тропеја. Незаборавно патување по море со три-часовно крстарење помеѓу Тропеја и Капо Ватикано, крајбрежна линија позната како „Брегот на боговите“. Паузи за пливање во волшебните заливи со кристално чиста вода, можност да уживате во сончевите зраци удобно седнати на палубата, каде што можете да пробате аперитив со калабриско вино и локални производи. За време на патувањето ќе научите за историјата и легендите на овие брегови, претворајќи го вашето патување во културна забава, во атмосфера на безбедност и удобност. Можност за прошетка по тесните средновековни улички на Тропеја, време за плажа во подножјето на симболичното светилиште „Санта Марија дел'Исола“, симболот на градот.

ДЕН 3
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
По желба и претходно резервирање: Целодневна екскуризја со брод до островите Вулкано, Липари и Стромболи (со времетраење околу 11 часа).
Возбудлива целодневна екскурзија низ места богати со историја преполна со легенди. Погодно за сите оние кои бараат романтично преживување и морска авантура. Поаѓање од Тропеја кон пристаништето Леванте на островот Вулкано. Можност за прошетка по главната улица на градот, место со многу кафулиња и продавници за сувенири, облека и накит. На неколку минути од него се наоѓаат бањи со лековита кал и топли термални базени. Недалеку од пристаништето се Црните Плажи, погодни за пешачење и пливање. Заминување кон Марина Корта, пристаништето на островот Липари. Островот нуди пријатни можности за поминување на слободното време - посета на Археолошкиот музеј на Липари, прошетка по главната улица, ручек во локален ресторан или патување со брод околу островот. Заминување кон островот Стромболи. По пат се отвора прекрасен поглед на соседниот остров Панареа и неговите бројни карпести ридови. Бродот поминува покрај Скијара дел Фуоко, вдлабнатина на северната падина на островот Стромболи, сместена помеѓу два високи гребени, покриени со лава, лапили и црвено-жешка земјена маса - панорама на најактивната вулканска зона во областа, каде што магмата избувнува од кратерот како река. Бродот пристигнужа на пристаништето Сан Винченцо на островот Стромболи. Можност за прошетка по главната улица или пливање во темно сините крајбрежни води. Заминување кон пристаништето на Тропеја во доцните попладневни часови.

ДЕН 4
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 5
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 6
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
По желба и претходно резервирање: Целодневна екскурзија до Пицо, познат како градот на сладоледот од тартуфи, со можност за посета на црквата Пиедигрота и замокот Мура.
Сместен на карпа високо над морето, Пицо се наоѓа во центарот на заливот Санта Еуфемија. Со тврдина од времето на Арагонските владетели, Кастело „Мура“ сега е претворен во Градски музеј и е една од знаменитостите на градот. Пицо е познат по местото каде што за прв пат е направен сладоледот „тартуфо“, комбинација од сладолед во форма на голема топка исполнета со течно чоколадо.
Можност за посета на карпестата црква „Пиедигрота“, сместена во една од морските пештери на брегот на Пицо. Тука звукот на брановите и мирисот на морскиот ветрец се дел од шармот на христијанското светилиште, подигнато во чест на Мадоната од Пиедигрота, украсено на уникатен начин со низа камени човечки статуи кои ја раскажуваат приказната за животот на Исус Христос.
Можност за прошетка по крајбрежната улица „Лунгомаре Кристофер Колумбо“, кадешто можете да си направите панорамски фотографии од терасата на централниот плоштад Пјаца „Република“ и статуата на „Собирачот на ветер“.

ДЕН 7
Таормина – Катанија
Појадок. Трансфер до Катанија. По пат - разгледување на Таормина - најувавото и најпознатото одморалиште на островот Сицилија, сместено на источниот брег на островот, помеѓу градовите Месина и Катанија. „Сместен“ на врвот на ридот Монте Тауро, над водите на Јонското Море и нуди неверојатен поглед кон вулканот Етна. Можност за прошетка по главната улица на стариот град, којашто е еден вид музеј на отворено, со прекрасни фасади на цркви и домови на богати семејства од минатото, a денес им нуди на туристите широк избор на кафулиња, ресторани и продавници. Заминување за Катанија. Можност за вечерна прошетка во Катанија. Сместување во хотел. Ноќевање.

ДЕН 8
Софија
Појадок. Слободно време. Трансфер до аеродромот во Катанија. Поаѓање за Софија. Слетување на аеродромот во Софија.

Термин Цена
06.06.2026 €664.00
13.06.2026 €664.00
20.06.2026 €664.00
27.06.2026 €664.00
04.07.2026 €766.00
11.07.2026 €766.00
29.08.2026 €869.00
05.09.2026 €664.00
12.09.2026 €664.00
19.09.2026 €664.00
26.09.2026 €664.00

Поради честа промена на цените, Ве молиме јавете се во агенција за проверка на моментална цена!

Во цената е вклучено:
Авионски билет Софија - Kатанија- Софија на авиокомпанијата "Wizz Air" со вклучени аеродромски такси и 1 мал кабински ранец до 10кг (со димензии 40/25/20 см) или на авиокомпанијата "Ryanair" со вклучени аеродромски такси и 1 мал кабински ранец до 10кг.
Трансфер аеродром - хотел - аеродром;
6 ноќевања во хотел 3* во областа на Тропеја (хотел Villaggio Marco Polo или сличен хотел);
6 појадоци на шведска маса во хотелскиот ресторан во Тропеја;
6 вечери од менито по нарачка во хотелскиот ресторан во Тропеја - во случај на доцно пристигнување во хотелот, првата вечера не е загарантирана;
1 ноќевање со појадок во хотел со 3 ѕвезди во областа Катанија (појадокот не е загарантиран ако летот е многу рано);
Пешачка тура во Таормина и Катанија;
Туристички водич од Бугарија
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

Во цената не е вклучено:
Дополнителни екскурзии;
Алкохолни и безалкохолни пијалоци за време на вечерата;
Чекиран багаж до 10 кг, 20 кг и 32 кг;
Туристичка такса во Италија, која се плаќа на рецепција во секој хотел - 2-4 ЕУР по турист на ден (во хотел со 2* и 3*) и 4-6 евра по турист на ден (во хотел со 4*)
Пристанишна такса од 5 евра (за патување со брод до Капо Ватикано и за еднодневната екскурзија до Еолските Острови);
Трошоци од личен карактер.
За лица над 65 години, автоматски се додава доплата за осигурителна премија

Дополнителен кревет во двокреветна соба -150 EUR
Еднокреветна соба +299 EUR

Дополнителни услуги:
Целодневна екскурзија до Тропеја со вклучена 3-часовна прошетка со брод до Капо Ватикано и слободно време за плажа и прошетка во Тропеја (Задолжително на лице место се плаќа 5 еур пристаништна такса)
над 12 г.56 EUR
од 3 г. до 11 г.51 EUR

Целодневна екскурзија со брод до островите Вулкано, Липари и Стромболи - времетраење од околу 11 часа (ЗАДОЛЖИТЕЛНА уплата од 5 евра пристанишна такса на лице место)*За екскурзијата мора да се пријавите до 10 дена пред датумот на поаѓање
над 12 г. 92EUR
од 3 г. до 11 г. 77EUR

Целодневна екскурзија до Пицо, градот на сладоледот од тартуфи, со можност за посета на црквата Пиедигрота и Кастело Мура (влезниците не се вклучени) 46 EUR

Чекиран багаж до 10 кг (во два правца) на турист 56 EUR
Чекиран багаж до 20 кг (во два правца) на турист 92 EUR
Доплата за Priority Boarding (по турист) 56 EUR

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top