Парга се наоѓа на Јонското море, во областа Епир, на околу 60 км на југ од градот Јанина. Плажите во Парга имаат кристално чиста вода и зелена околина. Градската плажа е песочна, чиста а во нејзина близина се наоѓа островче одлично за опуштање до кое може да допливате. Плажата Valtos Beach се наоѓа на 2 км од центарот на Парга. Долга песочна плажа која е најпопуларна меѓу туристите бидејќи има прекрасни таверни и барови. Погледот од Валтос е навистина единствен: високо на левата страна е импозантниот дворец, а десно погледот е кон морето и блиските острови Паксос и Антипаксос кои може да ги посетите со бродче. Самиот град со својата местоположба, наметнува асистенција при сместување од страна на локалните туроператори, кои со мали комбиња и пик-ап возила од локалниот паркинг за автобуси, ги пренесуваат патниците и багажот до нивните објекти. Парга е навистина специфично, но сепак прекрасно место за незаборавен одмор.