fbpx

НИКИТИ туристичкото место на западната страна на вториот крак на Халкидики-Ситонија.Плажата на Никити е во залив и гледа према првиот крак.Идеално место за туристи кои сакаат убава плажа,чисто море,долги прошетки покрај плажа со многу ресторани,сувенирници,детски забавни паркови и разновиден културно-забавен живот.Во непосредна близина се наоѓаат супермаркетите Лидл и Масутис.  Никити е едно од најстарите места на Ситонија, вториот прст на полуостровот Халкидики, околу 110 километри југоисточно од Солун. Ова шармантно место маѓепсува со својот традиционален изглед, прекрасните плажи и пријателската атмосфера. Никити претставува комбинација на традиционалната грчка архитектура и модерен начин на живот. Шетајќи низ камените улици, минувајќи покрај традиционалните таверни и продавници за сувенири, ќе го почувствувате духот на минатото, а во исто време ќе уживате во модерните капацитети и удобности.Покрај плажата, можеме да спомнеме дека има голем број на убави кафулиња и таверни, ресторани за морска храна и скара. Никити е познато место за производство на мед и маслиново масло.

Никити има околу 3.000 жители и се состои од стариот и новиот дел, каде што новиот дел е поатрактивен поради неговата местоположба до песочната плажа и се протега до главниот пат, покрај кој има бројни ресторани, продавници, како и 3 големи супермаркети, од кои еден е Лидл. Стариот дел на Никити се наоѓа на околу 2 км од морето, над главниот пат. Одморалиштето Никити има уредено шеталиште кое се протега покрај прекрасна песочна плажа. Плажата во Никити е песочна, со постепен влез во морето. Уредното шеталиште се протега по целата негова должина.

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top