Maria Hause се наоѓа на 50 метри од плажата во Врахос. Се состои од уредни двокреветни соби со поглед на море или двор. Покрај добрата локација, нуди приватен паркинг и безжичен интернет. Најблиската пекарница и самопослуга се оддалечени 100 метри. Тие нудат пет климатизирани двокреветни соби (22м2) со еден двоен или два единечни кревети. Собите немаат кујна, само мал фрижидер и основен прибор, но имаат одлично опремена заедничка кујна, која им е на располагање на сите гости на вилата. Имаат ТВ, мрежи против комарци, бања и тераса со поглед на море или двор. Замена на постелнина и крпи, како и чистење, се врши по три ноќевања. Вилата е идеален избор за млади луѓе и парови кои бараат добро сместување на одлична локација.
Цените се дадени за наем на СОБА на 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Дозволено е сместување према капацитетот на студио(број на кревети), освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
Објаснување:GV – поглед кон градина SV- поглед море
Автобуски превоз 60 Еур возрасни Битола
Доплата за превоз 10 Еур: Ресен, Охрид, Струга, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје
Деца од 2 до 11,99 год. попуст 10 Евра од редовната цена на превоз.
Климата е ВКЛУЧЕНА во цена.
За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст. Попустите не се комбинираат.
Термините кои се обележани со црвено се промотивни и не подлежат на попуст.
Собите се опремени само со фрижидер, а користењето на заедничката опремена кујна е бесплатно.
Гостите од Maria House можат да користат и лежалки и чадори на плажа бесплатно (со нарачка на пијалок)
Важат Општите услови за патување на СКТМ.