fbpx

АКТУЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СТРАНКИ!

  • Понудата е објавена на 28/03/2020

Во врска со вирусот Корона (COVID-19)

ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО СОСТОЈБИТЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД "COVID-19"

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ !!!

Почитувани патници,

Имајќи ја предвид моменталната состојба на прогласена пандемија и прогресивно ширење на вирусот (COVID-19), согласно донесените времени мерки и Уредби на Владата, како и препораките на Стопанската комора за туризам на Македонија, ги објавуваме следните информации за статусот на објавените туристички аранжмани и услуги, за престојните патувања во текот на 2020 година.

Сите пакет аранжмани (автобуски и авионски превоз) за сезона Лето 2020 година се откажани

Поради ограничување на патување на граѓаните, затворањето на аеродромите, како и објектите за сместување на неопределен период, се откажуваат сите аранжмани поради неможност да се реализираат под објавените услови (планирани термини на патување, период на престој или објект на престој).


По завршување на вонредната состојба и нормализирање на условите за патување од земјата и условите за влез и престој во дестинациите на патување, ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ПАТУВАЊЕ под нови услови ќе ги објават програмите - пакет аранжманите за Лето 2020 година, за сите или за дел од претходно објавените дестинации.

На патниците кои имаат уплатено аранжмани пред воведувањето на вонредната состојба, ќе им биде издаден “вредносен ваучер” на уплатениот износ за туристичкиот аранжман кој ќе може да го искористат за друг пакет аранжман од понудата на организаторот.


На патниците кои имаат уплатено аранжмани со попуст за одредени дестинации и нема да подигнат вредносен ваучер, доколку биде во можност САМА Холидеј ќе понуди нови договори по истите цени за истите или други термини и дестинации, кои ќе важат по нормализирање на условите за патување и според новите услови на објавените програми за тој период.

За ИНДИВИДУАЛНИТЕ АРАНЖМАНИ со посредство на САМА Холидеј - Велес,:
За сите направени индивидуални резервации за: хотели, крстарења, “city break” програми и интерконтинентални (далечни) патувања, ќе се применуваат условите кои давателите на услугите ќе ги понудат на корисниците на истите, согласно мерките и препораките на Владите на земјите во кои треба да се реализира уплатениот аранжман.

***
Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат и на сите останати патници, кои имаат уплатени туристички аранжмани за пролетни патувања кои беа предвидени за реализација пред прогласувањето на вонредната состојба, како и за сите веќе откажани патувања во време на траењето на вонредната состојба (од 16 март 2020 година).


Владата, на ден 24.03.2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на законот за туристичката дејност за време на траење на вонредната состојба (Службен весник на РСМ, бр. 80 од 27.03.2020 година). Уредбата упатува на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за патниците, во случај на откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции.

За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија - сектор за туризам и угостителство, во продолжение ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите.

Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот (патникот) на туристичкиот аранжман.
Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година. (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија, за потребната евиденција).

За начинот на издавање на Ваучерите повелете во агенција или контактирајте не слободно

Издадениот ваучер патникот ќе има можност да го искористи за аражмани достапни во понудата на туристичката агенција (организатор на аранжманот).
Вредноста на ваучерот ќе биде во истиот износ колку што била уплатата за аранжманот, а кој е откажан поради вонредната состојба.
Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во САМА Холидеј, Велес или по барање на патникот истиот ваучер може да биде испратен по електронски пат (e-mail).


Ваучерите кои ќе бидат издадени на име на патникот кој ja извршил резервацијата и уплатата, би можеле да бидат преносливи, односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник по претходен договор меѓу патникот и туристичката агенција.

 

Со почит,
Ваша САМА Холидеј

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 10.00 - 14.00

Top