ЗАШТЕДЕТЕ 60 €

АВИОН / 4 дена / 3 ноќевања

06 април 2018 СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 06.10 слетува во 08.55 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Амстердам. Сместување во хотел. Разглед на Амстердам: Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пицница Хајнекен, Новиот градски кварт... Слободно време за прошетка низ градот, љубителите на уметноста можат да ги посетат музеите: Ријкс музејот кој е основан од братот на Наполеон (15 до 17 век, со делата на Рембрант), Музејот Ван Гог со неговата најголема збирка на дела. Ноќевање.

07 април 2018 АМСТЕРДАМ - ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА

Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус Големата Холандска Екскурзија со посета на “најубавата градина на светот” Кеукенхоф, каде на 32 хектари може да се види најубавото цвеќе во Холандија (околу 2 часа). Патувањето продолжува со посета на Хаг и организиран панорамски разглед на административна престолнина на Холандија, Парламентот, Палатата на мирот и Кралската палата. Попатна посета на модерниот град Ротердам, познат по најголемото пристаниште во Европа и највисоката кула во Холандија - Евромаст. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

08 април 2018 АМСТЕРДАМ

Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење... Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото ЕЈ. Враќање во Амстердам, препорачуваме посета на фабриката за дијаманти: прошетка низ работилницата и навлегување во тајните на брусење на прочуените дијаманти. Во вечерните часови, можност за факултативно возење со брод по каналите, каде можете да ги доживеете боите на градот на посебен начин и да видите дел од мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање.

09 април 2018 АМСТЕРДАМ - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 09.30 часот, пристигнување во Скопје во 12.05 часот на аеродромот Александар Велики.


ЦЕНА  399 евра (24.740мкд)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Авионски превоз на релација Скопје-Ајндховен-Скопје
- Кабински багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 55х40х23см)
- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Амстердам
- Сместување во Хотел New Century 3* во Амстердам на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран разглед на Амстердам
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 4.990 денари
- Доплата за чекиран багаж - куфер со максимум 20kg 5.500 мкд
- Голема Холандска Екскурзија 75 евра + 20 евра влезница за Кеукенкоф
- Мала Холандска Екскурзија 55 евра
- Крстарење по каналите на Амстердам 17 евра
- Туристичка такса се плаќа во агенција 600 мкд
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 10.000 мкд

НАПОМЕНИ:

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62мкд
За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 25 патници. За реализација на факултативите потребен минимум од 20 патници
Резервација се прави со копија од пасош и авансна уплата од 30% од цената на аранжманот (важи и за цената во предпродажба).

Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

- Пасошот треба да важи минимум 180 дена од завршување на патувањето

Прочитано 2214 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.30

Сабота 09.00 - 13.30

Top