fbpx

ХЕРЦЕГ НОВИ (Со крстарење по Бокакоторскиот Залив)

  • Понудата е објавена на 24/03/2021
ИГАЛО-ХЕРЦЕГ НОВИ-ГОСПА ОД ШКРПЕЉА-КОТОР-ПЕРАСТ
 (29.04.2021 – 03.05.2021)
 
Прв ден: 29.04.2021 (четврток)
21:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје кон  Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.
Втор ден: 30.04.2021 (петок)
Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Сместување во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** (https://www.palmonbayspa.com) во Игало, едно од осумте  туристички места низ кои се простира Херцегновската ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на  природните минерали и соли во телото.  Ноќевање.
Трет ден: 01.05.2021 (сабота)
Појадок. Заминување на групата кон Херцег Нови на организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив... сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. Слободно време за индивидуални прошетки покрај шеталиштето кое ги поврзува Херцег Нови и Игало. Враќање во хотелот. Ноќевање. 
Четврти ден: 02.05.2021 (недела)
Појадок. Со локален туристички водич заминуваме на целодневно крстарење со брод по заливот на Бока Которска . Пловидбата ја започнуваме од Игало и се упатуваме кон малото камено островче Госпа од Шкрпеља. Легендата вели дека на 22 јули 1452 година  морнарите пронашле на една карпа во средината на морето икона на Богородица со дете во рацете и од тој ден останала традицијата морепловците по враќањето од успешната пловидба да оставаат камења покрај брегот, па така се создал овој вештачки остров. На островот се наоѓа црква која содржи голем број уметнички дела како и икона на Госпа од Шкрпеља, но она што го привлекува вниманието на сите посетители е необична таписерија која цели 25 години ја изработувала извесна Јанцита Куниќ чекајќи го својот сопруг да се врати од пловидбата. Во таписеријата се наоѓаат вткаени и прамени од нејзината коса, златни од времето на нејзината младост и сребрени од годините кога таа остарела. По разгледот на црквата се враќаме повторно на брод и се упатуваме кон Котор, градот кој е стар повеќе од 2000 години и се наоѓа на листата на светските културни богатства токму заради урбаната архитектура, културното наследство и прекрасниот природен амбиент. Организиран разглед на градот, а потоа слободно време за прошетки низ градските плоштади и улици кои се користат како отворени сцени за изведба на многу традиционални манифестации и приредби. Од таму се упатуваме кон Пераст, мал град кој се наоѓа на местото каде се разделуваат Бокакоторскиот и Рисанскиот Залив. Градот се издвојува со живописната архитектура, а со својата убавина ги привлекува модерните морепловци, уметниците и патниците кои се во потрага на убавина и мир. Во центарот на градот се наоѓа плоштадот на кој доминира црквата Свети Никола со својата импресивна камбанарија висока 55 метри. По враќањето на бродот следува организиран ручек, а потоа ја продолжуваме пловидбата назад кон Игало. Пристигнување во хотелот во доцните попладневни часови. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Петти ден: 03.05.2021 (понеделник)
Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности. Околу пладне одјавување од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во вторник, на 04. Мај во раните утрински часови.
 
Промотивна цена за уплата до 25.03.2021....189 евра (11.720 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........199 евра (12.340 денари) 
(плаќање во денарска противвредност)
 
Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 25. Март и целосна доплата до 15. Април
 
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Превоз со туристички автобус 
Три ноќевања со појадок  во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“ 4+ ****  во Игало
Користење на базенот и спа центарот во хотелот
Организиран разглед на Херцег Нови со локален туристички водич
Целодневно крстарење со брод по Бокакоторскиот Залив со локален туристички водич со вклучен разглед на островот Госпа од Шкрпеља, Котор и Пераст
Ручек на бродот
Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник
 
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Туристичка такса – 1.5 евра по лице на ден 
- Доплата за еднокреветна соба – 23 евра на ден
- Патничко осигурување
Услови за деца : До 4 години бесплатно. За деца од 4-12 години се плаќа 70 % од аранжманот
 
НАПОМЕНА: 
За влез во Црна Гора  не е потребен PCR тест
За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници 
Последен рок за пријавување: 20. Април 2021 година
 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • Viber & WhatsApp 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 

Top