fbpx

КУМБУРГАЗ

  • Понудата е објавена на 08/03/2021
КУМБУРГАЗ за Велигден
 
Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!
 Поради неверојатната близина, Кумбургаз е омилена викенд дестинација на жителите на Истанбул, кои тука го наоѓаат својот мир од огромниот сообраќаен метеж во градот. Тоа е доволна причина која не примами да ви го доближиме ова место токму вам. Секако нема да Ве оставиме без да уживате во градот на султаните и два континента, па затоа ќе одиме и во Истанбул.
Затоа ве носиме токму тука за Велигден!
 
ТЕРМИН: 29.04 - 04.05
 
ПРОГРАМА:
ПРВ ДЕН 29.04 четврток
Собир на групата на паркингот на Дрводекор во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните денови. 
ВТОР ДЕН 30.04 петок
Пристигнување во утринските часови и сместување во хотелот. Слободно време за одмор и уживање крај Мраморното море. Вечерта во договорено време посета на местото Бујукчекмеџе, кое е во близина на Кумбургаз со слободно време за прошетка и вечера.
Враќање во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 01.05 сабота
По појадокот групата се упатува на факултативна посета на градот Истанбул, каде што следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Следуваат три прекрасни места во Азија, џамијата на претседателот Ердоган, потоа местото Ускудар, кое нуди неверојатен поглед кон Моминската кула, и на крајот населбата Кадикој, каде ако Таксим е најпопуларен во европската страна, тоа е Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место, да прошетате и да се напиете кафе.
По завршувањето на овие посети доколку условите и времето дозволуваат предвидено посета на трговски центар за шопинг.
Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
ЧЕТВРТ ДЕН 02.05 недела
Појадок. Слободно попладне за уживање и прошетка низ Кумбургаз. Вечерта можност за организација на свечена Велигденска вечера во хотелот (доколку условите дозволуваат).
Ноќевање.
ПЕТТИ ДЕН 03.05 понеделник
По појадокот групата се одјавува од хотелот и се упатуваме кон градот Едрене каде ќе има слободно време за прошетка и шопинг.
Поаѓање за Македонија во договорено време и пристигнување во утринските часови на 04.05 вторник.
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 89 евра до 31.03, редовна цена 109 евра
 
Цената на аранжманот вклучува:
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3*
- Автобуски превоз
- Посета на Бујукчекмеџе
- Посета на трговски центар во Едрене
Цената на аранжманот не вклучува:
- Патничко осигурување
- Факултативна посета на Истанбул (Крстарење по Босфорот, посета на Азија (панорамски разглед, посета на џамијата на Ердоган, Ускудар и местото Кадикој, трговски центар) 60 евра по лице
- Организирана велигденска вечера – информации дополнително
 
НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
- Резервација може да направите со уплата од 30%, а остатокот се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање. 
- Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. Во моментов одлуката на Турција за влез во земјата со PCR тест важи до 14.04. Доколку дојде до одлука за продолжување на одлуката, агенцијата врши поврат на средствата.
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 160 денови од денот на патувањето
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
- При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
- За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • Viber & WhatsApp 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 

Top