fbpx
24.04.2019 – Скопје – Виена
Состанок на групата во 11.30 ч. на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виенa во 12.00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград, Будимпешта. Ноќно возење. 
25.04.2019 – Виена - Прага
Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св. Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.
26.04.2019 – Прага - Париз
Појадок. Претпладне, факултативно  панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. По разгледот,  препопрачуваме крстарење по реката В’лтава.Слободно попладне. Поаѓање  кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.
27.04.2019 - Париз
Во  утринските  часови пристигнување во Париз - најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот,Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро).  Ноќевање.  
28.04.2019 - ПАРИЗ (ВЕРСАЈ-ЛУВР)  
Појадок.  Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич : Кралскиот Париз.  Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Веднаш потоа,  посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр. Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да  крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Враќање во хотел . Ноќевање.
29.04.2019 – Париз -  Дизниленд - Минхен
Појадок. Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски паркoви. Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.    
30.04.2019 - Минхен
Пристигнуваме во Минхен во  утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Сместување во хотел. Слободно попладне… Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата  Кралска пивница ХБ ( пиво и свински коленици).  Ноќевање.              
01.05.2019 – МИНХЕН-САЛЗБУРГ-СКОПЈЕ     
Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки.
Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ Италија, Словенија, Хрватска, Србија.
02.05.2019 - Скопје
Пристигнување во Скопје во вечерните  часови. 
   
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 30.03: 279€/ 17.300 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 309€/ 19.160 мкд
 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
• Превоз со високотуристички автобус
• 1 ноќевања во хотел 3* НП во Прага (околина)
• 2 ноќевања во хотел 3* НП во Париз (околина)
• 1 ноќевања во хотел 3* НП во Минхен (околина)
• Прошетка низ Виена 
• Прошетка низ Минхен 
• Прошетка низ Салзбург 
• Организација и водство на програмата 
• Организација на аранжманот
• Лиценциран туристички придружник
 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
• Задолжително патничко осигурување  5€
• Разглед на Прага со локален водич  10 €
• Крстарње по Влтава 15€
• Разглед на Париз со локален водич 15 €
•  Версај(превоз, резервација, влезница,лок водич) 50 € 
(задолжителна резервација при уплата)
•  Лувр(влезница, резервација) 20 €
•  Крстарење по Сена 20€
•  Срцето на Париз 10€
•  Дизниленд -цена за влезница + 20€ превоз
•  Билети за градски превоз, Прага, Париз, Минхен
•  Доплата за еднокреветна соба 6.200 ден
 
НАПОМЕНИ:  
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма
 
 
  
 
Прочитано 225 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top