fbpx
Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура... Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја... Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело... Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа... Шпанските скали...
 
 26.04 СКОПЈЕ - РИМ
 Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 16.00 часот. Лет за Рим во 17:50 часот. Слетување во Рим во 19:25 часот. Автобус за трасфер за до Рим не пречекува на аеродромот Чампио... Трансфер до хотел и сместување. Вечерта слободно време да украдете дел од културата на италијанците...пица, паста, вино, кафе, сладолед... Ноќевање.
 
27.04 РИМ – ВАТИКАН
 Појадок. Пристигнувањер во центарот на Рим, каде не чека локален водич и започнува панорамско разгледување на градот (околу 4часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар... Во попладневните часови препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи..., Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар.... Слободно попладне. Ноќевање.
 
28.04 РИМ - ТИВОЛИ
 Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте - е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент... Пауза за ручек. Прошетката продолжува по боемскиот кварт Транстевере. Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
 
29.04 РИМ – СКОПЈЕ
 Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот Чампино. Полетување за Скопје во 20.00 часот. Пристигнување во Скопје во 21.40 часот.
 
ЦЕНА за уплата до 31.01.2019: 399 евра (24.740 мкд)
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 449 евра (27.840 мкд)
 
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
 
Авионски превоз: Скопје – Рим - Скопје со Визер
Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг
Трансфер аеродром – хотел - аеродром
Сместување во хотел на база 3* ноќевања со појадок
Организиран панорамски разглед на Рим
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
 
Аеродромски такси 3.700 мкд
Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во агенција)
Доплата за чекиран багаж - куфер до 10kg 1.500 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
Влезници во музеите и културно историските споменици
Карти за локален превоз (метро)
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 5.700 мкд
 
Факултативни излети:
 Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 55 евра
 Посета на Тиволи со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 50 евра
 Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра
 
Напомена:
 
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
- За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
- За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
Прочитано 254 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top