Доживејте луксузен престој во најмодерниот зимски ресорт на Балканот и откријте ја мистеријата на еден од најзначајните културно историски центри во Бугарија. Сместен во срцето на Пирин планина, КЕМПИНСКИ ХОТЕЛ ГРАНД АРЕНА е идеално место за Вашиот безгрижен одмор. Добредојдени сте во овој уникатен планински и СПА ресорт каде времето никогаш нема да Ви биде доволно за да ги доживеете сите негови содржини; во зима дојдете за скијање и сноубординг или во лето на планински одмор исполнет со велосипедизам, прошетки по планината или параглајдерство. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа главната станица на ски лифтот кој ве качува на највисоките снежни врвови. Хотелот е на само неколку минути од центарот на Банско, а таму ќе најдете многубројни традиционални меани, музеи и продавници. Со толку одличен избор на активности за Вас секогаш ќе постои причина да се вратите овде.

Опис на собите:
Double Deluxe (35-40 m) има два кревети или еден брачен кревет, мини бар, клима, греење, ТВ, телефон, сеф, купатило.

Специјална понуда за престој од 12.10-30.11.2018

Вид на сместување
Ноќевање со појадок
Двокреветна соба ДЕЛУКС – поглед град (2+1)
74€
Двокреветна соба ДЕЛУКС – поглед планина (2+1)
76€
Дете до 5.99 год. на доп.легло
Бесплатно
Дете од 6-11.99 год. на доп.легло
24€

 

Цените се за соба, за 1 ноќевање и вклучуваат :
• Богат појадок на шведска маса
• Користење на СПА Центар – 2 надворешни базени, 1 внатрешен базен, надворешно и внатрешно џакузи, финска сауна, био сауна, турска бања, арома парна бања, снежна соба, фитнес
• Интернет, детски парк

Во цената не е вклучено :
· Туристичка такса 1€ на ден
· Патничко осигурување

Прочитано 1262 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top