fbpx

Опкружен со велнес градини, загорско зеленило и модерна архитектура во хармонија со природата, хотелот Well**** во Термите Тухељ содржи 264 соби со врвен квалитет. Освен во удобноста на собите, гостите може да уживаат и во бројните wellnes & spa услуги, богата анимација за деца и возрасни, и исклучително квалитетна гастрономска понуда. Вкупниот капацитет на хотелот Well e 264 единици, од кои се издвојуваат 12 апартмани, со кои добивате дополнителна удобност. Хотелските сместувачки капацитети се распоредени во 6 згради, од кои 126 се ново изградени соби и 138 преуредени соби, секоја од нив притоа нуди спој на елеганција и шарм со широка палета на бои. Собите се опремени со модерна опрема која им овозможува на гостите да се релаксираат и да уживаат. Секоја од нив е опремена со клима, сеф, LED ТВ, мини бара, фен, модерен мебел и „"smart management“ ситем кој им овозможува на гостите дополнително чувство на приватност и сигурност. Секоја соба е декорирана со уметнички дела на д-р по уметност госпоѓа Мирјана Дремпетич Ханжич Смолич.
Сите соби се двокреветни, меѓутоа дадена им можност на гостите да престојуваат во еднокреветни соби со доплата. Хотелот има 6 апартмани кои содржат една спална соба, дневна, бања со туш и балкон. Тие се дизајнирани за гостите кои сакаат да уживаат во елеганцијата на новиот хотел како и фамилии со деца со потреба од дополнителен комфор.

Дополнителни хотелски содржини:
• Сауна свет
• СПА е ВИТА центар
• Водена планета (внатрешен и надворешен дел)
• Адреналин парк
• Ресторан Лати
• Ресторан Замокот на Миханоч а la carte
• Елемент бар-ресторан (нуди пица и мексичка кујна)
• Тера бар (колачи, сладолед, лесни оброци и пијалоци)
• Инфинити бар

 

Цена на пакет 02.01.2017 – 29.12.2017
Пакет 3 дена (2 ноќи) 176€
Пакет 4 дена (3 ноќи) 264€
Пакет 5 дена (4 ноќи) 316,8 €
Пакет 6 дена (5 ноќи) 396€
Пакет 7 дена (6 ноќи) 475,2 €
Пакет 8 дена (7 ноќи) 523,6 €

Цените се дадени по лице за пакет.
Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност 1 ЕУР = 62 МКД

Цената вклучува:
• Сместување во одбраната соба према табелата;
- Premium соба-во новиот дел на хотел Вел: тоалет, фен, телефон, мини бар, ТВ, сеф, балкон
- Classic соба-во реновираниот дел на хотел Вел: тоалет, фен, телефон, ТВ, минибар.
• Богат појадок
• Домашна вечера со широк избор на загорски и национални специјалитети
• неограничено користење на базените на Водената планета
• капење во wellness центарот Termalija во Terme Olimia
• неограничено користење на фитнес
• ноќно капење во сабота во базените на Водената планета;
• бесплатен WI FI во просториите на хотелот
• Анимациски WELL програм
• Бањарка и пешкир во соба

Доплати:
· туристичка такса 1 € по лице на ден
· полн пансион 12 € по лице на ден
· влез во светот на сауните 11 € по лице
· еднокреветна Premium соба 25 € по лице на ден, Classic соба 15 € по лице на ден,
· апартман +20% од цената на пакетот по лице

Попусти:
· Бесплатно сместување за деца до 5 год заедно во соба со две возрасни лица, на основниот кревет.
· 50% попуст за деца 5-12 год на пакетот на дополнително легло
· 30% попуст за деца 5-12 год на пакетот на основно легло
· 15% попуст за трето возрасно лице на дополнително легло


Хотелот го задржува правото на промена на цените.

Прочитано 1132 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top