fbpx

Интерхотел 4* – Сандански

Интерхотел Сандански е лоциран во југозападниот дел на Бугарија, регион кој е најпознат по лековитата клима и термалните извори. Хотелот е лоциран во самиот центар на Сандански, на само неколку чекори од живописниот градски парк, поголемите продавници и во близина на многу споменици и историски знаменитости. Интерхотел Сандански го нуди еден од најголемите медицински центри за лекување и рехабилитација на Балканскиот Полуостров. Хотелот има 285 удобни соби и суити, три ресторани, лоби бар и пул бар. Гостите може да користат три базени со минерална вода, од кои еден е со температура на водата 38 ° C.

Комплексот во својот состав има 5 новоизградени тениски терени, прикладни за организирање на професионални турнири. За семинари, настани, работилници и слично, хотелот има на располагање 4 конференциски сали со капацитет од 30 до 250 места, како и простор за изложби и презентации.

ПРОМО пакет за Сандански
Interhotel

за 2 ноќевања со можност за организиран превоз за последните два термини

термини:
22.02-24.02.2019
15.03-17.03.2019

тип на соби Interhotel:
DBL standard - 135 eвра по соба за 2 ноќи со појадок

 

Цените се во евра за 1 ноќевање за 2 лица во двокреветна соба студио/апартман или за 1 лице во еднокреветна соба Петок –
Сабота
Недела – Четврток 7+ ноќевања
Исхрана НП ПП НП ПП НП ПП
Двокреветна СТАНДАРД соба (2 в.) 76€ 100€ 60€ 84€ 59€ 83€
Еднокреветна СТАНДАРД соба (1 в.) 60€ 72€ 48€ 60€ 46€ 58€
Двокреветна ЛУКС соба (2 в.) 86€ 110€ 69€ 92€ 66€ 90€
Еднокреветна ЛУКС соба (1 в.) 66€ 78€ 54€ 64€ 50€ 62€
СТАНДАРД студио 124€ 148€ 100€ 122€ 96€ 120€
Апартман ЛУКС 140€ 164€ 112€ 136€ 108€ 132€
Апартман ФЕМИЛИ 192€ 214€ 152€ 176€ 144€ 168€
Дополнителни услови за сместување во СОБА :
Дете од 4-11.99 год. на редовно легло 25€ 34€ 20€ 29€ 20€ 28€
Дете од 4-11.99 год. на дополнително легло 12€ 21€ 10€ 18€ 10€ 18€
Дете од 12-15.99 год. на дополнително легло 28€ 40€ 23€ 34€ 22€ 33€
Дополнителни услови за сместување во СТУДИО/АПАРТМАН :
Дете од 4-11.99 год. на дополнително легло / 8€ / 8€ / 8€
Дете од 12-15.99 год. на дополнително легло 28€ 40€ 23€ 34€ 22€ 33€
Возрасен на дополнително легло 28€ 40€ 23€ 34€ 22€ 33€
Дете до 3.99 год. во соба или студио/апартман БЕСПЛАТНО

 

Цените се валидни за сместување во период од 01.02.2018-31.01.2019.
Не се валидни за празници, вклучувајќи ги следниве периоди :
05.04-09.04.2018, 31.03-06.04.2018, 02.03-05.03.2018, 04.05-07.05.2018, 21.09-24.09.2018,
21.12-26.12.2018, 28.12-01.01.2019.

Цените се во евра за 1 ноќевање за 2 лица во двокреветна соба/студио/апартман или за 1 лице во еднокреветна соба и вклучуваат:

Нокевање со појадок или полупансион (појадок и вечера)
Користење на сауна, парна бања, фитнесцентар
Користење затворен базен со минерална вода од 33⁰С (полуолимписки размери)
Користење на отворен базен со минерална вода од 33⁰С,
Користење на отворен термален базен со минерална вода 38⁰С
Лежалка и пешкир покрај базените
Безжичен интернет во целиот хотел
Паркинг
Сеф на рецепција
Детско катче со аниматор
Туристичка такса
НАПОМЕНА!
Хотелот не прима домашни миленици
Цените се во евра, плаќањето се врши во денари 1 € = 62,00 мкд

СМЕСТУВАЊЕ И НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ:

Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)
Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално време)
УСЛОВИ ЗА АГЕНТОТ И ГОСТИНОТ:

За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 дена пред пристигнувањето без пенали.
Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 дена пред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 дена пред пристигнување е без пенали.
Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 дена пред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.

 

Прочитано 2501 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top