fbpx


СОКО БАЊА – СРБИЈА

ПЕРИОД: 08.03. – 10.03.2019 година
3 дена/2 ноќевања



РЕДОВНА цена: (5.400 денари)
*ПРОМО цена (-15% попуст 4590 ден.) до 28.12.2018



1 ден 08.03.2019 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – СОКО БАЊА)
Состанок на групата 30 минути пред тргнување.

-05.45 часот тргнување од Велес (бензиска пумпа Мак Оил, кај кружниот тек)

-06.30 часот тргнување од Скопје (паркингот на хотел Вип, спроти Скопски саем)

-07.00 часот тргнување од Куманово

*Организиран трансфер од Битола (тргнување во 03.30 часот од пред паркинг Спортска сала) и Прилеп (бензиска Лукоил).

Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Патувањето ќе се одвива со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Соко Бања во пладневните часови и сместување во хотел. Ручек. Прошетка низ поширокиот центар на Сокобања (Милошев Конак, Турско купатило…). Вечера со музика. Ноќевање.

2 ден 09.03.2019 (САБОТА) СОКО БАЊА
Појадок. Пешачки излет до Лептерија и Сокоград. Свечена вечера со жива музика. Ноќевање.

3 ден 10.03.2019 (НЕДЕЛА) СОКО БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел 3* на база 2 ноќевања
– Исхрана на база полн пансион: појадок, ручек и вечера
– Свечена 8мо мартовска вечера на 09.03.2019 со жива музика (без вклучен пијалок)
– Организирани разгледи: прошетка низ поширокиот центар на Сокобања (Милошев Конак, Турско купатило…) и пешачки излет до Лептерија и Сокоград
– Организација, реализација и придружник на патувањето
-Користење на базен и џакузи
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
–Туристичка такса 1 евро по лице на ден (задолжиелно)
-Патничко осигурување
-Додаток за неограничен пијалок за време на Гала вечер – 5 евра
Мени за свечена вечера:
Ладно предјадење
Пита зелник со кисело млеко
Скара (2 парчиња – 450 грама)
Домашна лепиња, сезонска салата
Баклава
Напомена: Краен рок за пријавување до 22 февруари 2019 година

НАЧИНИ И УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:

-Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот -Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот

-Цените на аранжманот се дадени во евра, се плаќа исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници
За ова патување важноста на пасошот мора да биде минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот или важачка лична карта.
Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
За оваа програма важат општите услови за патување 

Прочитано 1105 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top