fbpx
1 ден  06.03.2019 СКОПЈЕ – Драч
Состанок со групата и поаѓање за Драч во 14:00 часот на паркингот кај хотел „ВИП“ (спроти Саем – Скопје). Преку граничниот премин Ќафасан пристигање во Драч во вечерните часови. Во 23:00ч со брод заминување од  Драч за Бари. Ноќна пловидба. 
 
2 ден  07.03.2019 Бари-Неапол- Соренто
Пристигнување во Бари во раните утрински часови. Патот продолжува за Соренто со попатна посета на Неапол. Пристигање во Неапол. Разглед на историскиот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО трговската улица Умберто,средновековниот замок, Кралската Палата, градската катедрала. Во попладневните часови се продолжува кон Соренто.Пристигање  и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
 
3 ден  08.03.2019 КАПРИ-ПОСИТАНО-АМАЛФИ
Појадок. После појадокот следи  излет  со брод  до монденското летувалиште Капри. Разглед на градот: Плавата пештера, малата марина- Marina Piccol. Слободно време за индивидуални прошетки . Враќање во Соренто и посета на  Амалфи и Поситано. Во попладневните часови враќање во Соренто. Слободно време.Ноќевање.
 
4 ден  09.03.2019 Соренто - Помпеја - Везув- Соренто
Појадок. После појадокот следи факултативна посета на античкиот град Помпеја кој е потопен со вулканска лава и целосно уништен од последната ерупција на вулканот Везув. Денеска поголем дел од  античкиот град е откриен, a бројните куќи , фонтани, театри, јавни бањи сведочат за средновековниот живот во истиот.По Помпеја се посетува вулканот  Везув. Во попладневните часови по предвиденото време за посета на Националниот парк Везув и кратерот на истоимениот вулкан враќање во хотел. Вечера.Ноќевање. ( Напомена: редоследот на активностите за овој ден може да биде сменет во зависнот од работното време на локалитетите).
 
5 ден  10.03.2019 Соренто – Бари – Драч - Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на собите и заминување кон Бари. Пристигнување во Бари и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови пловидба кон Драч.
 
6 ден  11.03.2019 Драч - Скопје
Во утринските часови пристигнување на пристаништето во Бари. По извршената царинска контрола патувањето продолжува кон Скопје. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
 
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 299€/ 18.540 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 329€/ 20.400 ден.
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз со високотуристички автобус
Карта за траект (седиште на дек): Драч – Бари – Драч:
Доплата за надворешна кабина со прозор и тоалет: 70 Еур по лице
3 Ноќевање со појадок во хотел со 3*  во Соренто
Разгледи според програмата на : Соренто и  Неапол
Организација, реализација и придружник на патувањето
Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
 * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Влезници за  Помпеја и Везув – 65 Еур
Факултативна посет на Капри и Амалфи и Позитано – 115 Еур
Туристичка такса  (3-5€ по лице на ден) се плаќа на рецепција
Патничко осигурување
 
 
Прочитано 233 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top