Нова Година во БУДВА

Да ја дочекаме Новата Година заедно на море, топла клима, весела и дружељубива атмосфера

29.Декември (сабота) СКОПЈЕ - БУДВА

Состанок на групата. Поаѓање за Црна Гора во 23.00часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

30.Декември (недела) БУДВА

Пристигнување во Будва во утринските часови, разглед на градот со водич. Сместување. Вечерта можност за факултативна посета во некој од бројните ноќни клубови. Ноќевање.

31.Декември (понеделник) БУДВА - ТИВАТ - КОТОР - БУДВА

Можност за факултативна посета на Porto Montenegro – една од најлуксузните марини на Јадранското море, слободно време во Тиват и потоа се упатуваме во посета на Котор.Еден од најубавите стари градови на Балканот. По разгледот на овој луксузен комплекс следува можност за индивидуални активности. Враќање во сместувањето.Вечерта можност за дочек на Нова Година во ноќен клуб. Ноќевање.

01.Јануари (вторник) БУДВА - ДУБРОВНИК - СКОПЈЕ
Напуштање на апартманите и можност за факултативна посета на Дубровник. Еден од најсарите градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15ти и 16ти век. Од градските ѕидини има незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавото Јадранско море.Овде е снимена серијата Game of Thrones, причина плус зошто да се посети. Слободно време и во попладневните часови тргнување за Македонија.Ноќно возење преку Албанија и Косово. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 85 евра / 5270 денари

Промо цена до 20.Ноември: 69 евра во 1/3 и 1/4 соби 79 евра во1/2соба


Цената е дадена по лице и вклучува:

- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

- 2 ноќевања во приватно сместување во Будва (апартмани за 1/2,1/3 и 1/4 лица, опремени со кујна, тоалет и клима)

- Организација, реализација и придружник на патувањето

Цената не вклучува:

- Факултативна посета на Дубровник

- Факултативна посета на Porto Montenegro, Тиват и Котор

- Дочек на Нова Година во дискотека

- Влезници по музеите и културно историските споменици

- Задолжително патничко и здравствено осигурување

- Туристичка такса 2 евра по лице за целиот престој

Напомена:

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.

Прочитано 1291 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top