fbpx

КАПАДОКИЈА, Авион

  • Понудата е објавена на 17/11/2020
 
30.12.2020 – 03.01.2021
 
1ден 30.12.2020 (Среда)
Состанок на групата на аеродром три часа пред полетување.
Полетување со Turkish Airlines во 09:05 со бр. на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:40. Полетување од Истанбул во 14:50 и слетување во Кајсери во 16:10. Организиран трансфер од аеродромот во Кајсери до хотел во Кападокија. Сместување во хотел. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.
 
2ден 31.12.2020 (Четврток) Црвена тура
Појадок. Факултативно- Во утринските часови прва средба со лунарниот пејсаж на Кападокија: карпестите формации над Долината на имагинацијата (Devrent Valley) во Pasabag,
необичен регион на фасцинантни облици од камен, варовники карпи наречени "Волшебни Оџаци" создадени во текот на милиони години под влијанието на вулканите и ерозијата.
Ручек во Avanos – грнчарски центар и посета на работилница за грнчарија. Во попладневните часови посета на познатиот музеј на отворено Гореме, каде може да се видат најдобрите примери на Византиската уметност во Кападокија (во карпести цркви со фрески и слики). Панорамски разглед на Esentepe соспектакуларен поглед на долината и  селото Goreme (огромен манастирски комплекс, посебни манастири-секој со своја единствена црква. Самата долина ги содржи најубавите цркви вклесани во карпите со преубави фрески чии бои ја задржале нивната оригинална свежина. Самото место е под заштита на УНЕСКО уште од 1984 год. Потоа посета на замокот Uchisarоваа висока карпа е највисоката точка во регионот Goreme. За крај посета на подземниот град Ozonkak. Организиран трансфер до хотел. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.
 
3ден 01.01.2021 (Петок) Зелена тура
Појадок. Факултативно- Поаѓање во 09:30, Посета на подземниот град Derinkuyu, еден од најголемите, најзачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 м длабок и 8 ката отворени за посетители. Возење до кањонот Ihlara, кањон долг 16 км. од двете страни обиколен со карпести цркви. Прошетка по кањонот. Ручек во локален ресторан во селото Belisirma покрај реката Melendis. По ручекот, посета на Selime, село со пештерски куќи изградени на работ на кањонот. Може да се види манастирот Селиме издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека биле потребни 200 години за да биде завршен. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. Враќање во хотел околу 17:30. Слободно време за краток одмор. Факултативно, посета на традиционален Турски ресторан со програма- ориентална музика и танци. Ноќевање.
 
4ден 02.01.2021 (Сабота) Западна тура
Појадок. Факултативно – Поаѓање во 09:30. Посета на Волшебните оџаци во Urgup – средба со нјапознатото семејство на волшебните оџаци- Трите убавици, симбол на Ургуп и
Кападокија. Пешачка тура околу 4 км долж Црвената долина – една од најатрактивните во Кападокија. Посета на Cavusin, еден од најрано населените и најново напуштените манастирски населби на Кападокија. Ручек во локален ресторан. Посета на Kaymakli подземниот град – еден од најголемите и најдлабоките подземни градови во Кападокија. Понорамски поглед на Pigeon Valley – Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Враќање во хотел во 17:30. Ноќевање.
 
5ден 03.01.2021 (Недела)
Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер од хотел до аеродром. Полетување од Кајсери за Истанбул во 15:35 со бр. на лет ТК 2013. Слетување во Истанбул во 17:30. Полетување од Истанбул во 20:10 со број на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:50.
 
Цена 
199€ 
 
Во цената се вклучени следниве услуги:
 Повратен авио билет Скопје-Кајсери-Скопје
 Организиран трансфер: аеродром-хотел-аеродром
 4 ноќевања со појадок во хотел ELIZ CAVE HOUSE
 Организација и пратител на патувањето
Во цената не се вклучени следниве услуги:
 Аеродромски такси 133 еур – 8.219 мкд
 Црвена тура 40 евра со вклучен ручек, влезници, водич, превоз
 Зелена тура 50 евра со вклучен ручек, влезници, водич, превоз
 Западна тура 45 евра со вклучен ручек, влезници, водич, превоз
 Посета на традиционален Турски ресторан (вечера, пијалок, ориентална програма и трансфер)
 Патничко и здравствено одигурување 185 мкд
 Важна напомена:
 Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)
 За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци од денот на патувањето
 Краен рок за пријавување 10.12.2020, Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
 За резервација задолжителна уплата од 50% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
 За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
 
 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 

Top