fbpx

ТИВАТ со ДУБРОВНИК и КОТОР, Автобус

  • Понудата е објавена на 09/11/2020
 
30 декември (среда)          СКОПЈЕ – ТИВАТ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00ч. Поаѓање на автобусот за Тиват во 23:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. 
 
31 декември (четврток)          ТИВАТ
Пристигнување во Тиват во претпладневните часови. Разглед на градот: католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс "Порто Монтенегро" (единствена марина на Јадранот, за љубителите на водените спортови), Ботаничката градина (изградена по наредба на адмиралот на австроунгарската морнарица Макимилиан Даблес фон Шротернек, кој со декрет побарал од сите капетани да донесат примероци од разни растенија за да го украсат военото пристаниште Арсенал во Тиват). Благодарение на благата клима, растенијата се совршено вкоренати и денес, а градината која зафаќа површина од 4 хектари е една од најголемите во јужниот дел на Јадранското Море. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки.Вечерта, Дочек на Новата Година  2021 година. Ноќевање. 
 
01 јануари(петок)          ТИВАТ-ДУБРОВНИК
Појадок.Можност за факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала... Враќање во Тиват во попладневните часови. Слободно време за индивиуални активности. Ноќевање.
 
 
02 јануари (сабота)          ТИВАТ – KOTOР – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности....или факултативна посета и прошетка низ прекрасниот, стар град – Котор, катедралата на св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, поморскиот музеј, црквата Св.Никола.. Попладне заминување за Македонија . Пристигнување во вечерните часови.
 
Цена на аранжманот:
109 € (6.760,00 мкд) 
99 € (6.140,00 мкд) за резервации до 15.ноември
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со туристички автoбус на наведената релација
• Сместување во хотел "Palma" ****, 2 ноќевања со појадок
• Организирани разгледи според програмата
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултативна посета на Дубровник (15€)
• Факултативен Дочек на Новата Година во Будва (__€)
• Факултативна посета на Котор (5€)
• Влезници за музеите и културно-историските споменици
• Патничко здраствено осигурување.
• Туристичка такса и осигурување 1,5 € по лице на ден (се наплатува на рецепција)
 
НАПОМЕНИ: 
- За патување во Црна Гора, сепак е потребен тест за "Covid 19"
- Цената на аранжманот е дадена по лице, со сместување во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 

Top