29 декември (сабота) СКОПЈЕ – ТИВАТ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 ч. после полноќ. Поаѓање на автобусот за Тиват во 23:30 часот. Се патува преку граничниот премин Блаце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

30 декември (недела) ТИВАТ
Пристигнување во Тиват во претпладневните часови. Разглед на градот: главната католичка црква Св.Антун Падовански, заштитник на градот и изградена во 1734 год. Во црквата се зачувани иконите на Св. Петар и Павле на италијанскиот мајстор Франческо. црква Св. Сава, изградена во период 1938-1967 год., плоштадот Култура, Летниковец Буча, најголемата градба на Которскиот залив. Стара повеќе од 500 год. Изградена во 16 век - како летна резиденција на благородната фамилија Буча од Котор. Луксузниот комплекс "Порто Монтенегро". Марината била изградена на поранешното военото пристаниште Арсенал на иницијатива на канадскиот бизнисмен Питер Мунк. "Порто Монтенегро" и е единствена марина на Јадранот за љубителите на спортските спортови со врвна инфраструктура. Ботаничката градина, чија идеја за отворање му припаѓала на адмиралот на австро-унгарската морнарица, Макимилиан, Даблес фон Шротернек. Во 1892 година, тој издал декрет со кој се бара од сите капетани да донесат примероци од разни растенија за да го украсат военото пристаниште Арсенал во Тиват. Благодарение на благата клима, растенијата се совршено вкоренети, денес градината зафаќа површина од 4 хектари, која е една од најголемите во јужниот дел на Јадранското Море.Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

31 јануари( понеделник) ТИВАТ-ДУБРОВНИК
Појадок. По појадок факултативен целодневен излет до Дубровник . Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала...на враќање попатана посета на Цавтат. Враќање во Тиват. Вечерта, Дочек на Новата Година со Жељко Јоксимовиќ. Ноќевање.

01 јануари (вторник) ТИВАТ – KOTOР – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности....или факултативна посета и прошетка низ прекрасниот, стар град – Котор, катедралата на св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, поморскиот музеј, црквата Св.Никола.. Попладне заминување за Македонија . Пристигнување во вечерните часови.


Цена на аранжманот: 99 € (6.140,00 ден.)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со туристички автoбус на наведената релација
• Сместување во хотел "Палма" ****, 2 ноќевања со појадок
• Организирани разгледни според програмата
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултативен целодневен излет до Дубровник и Котор 15€
• Влезници за музеите и културно-историските споменици
• Патничко здраствено осигурување
• Туристичка такса и осигурување 1,4 € по лице на ден (се наплатува во агенција)

НАПОМЕНИ:
- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Прочитано 421 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top