fbpx

COVID 19 -> ИНФОРМАЦИИ ЗА ВЛЕЗ ВО Р. БУГАРИЈА
Почнувајќи од 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за Македонски државјани на нејзината територија.
Со последната одлука, Македонија од црвена е преместена во портокалова зона.

Забраната е укината за сите кои поседуваат:
- Сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза) или
- Сертификат на прележана болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување) или
- Негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).

 

УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ И ВЛЕЗ ВО ИТАЛИЈА

 

УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ И ВЛЕЗ ВО АВСТРИЈА

 

УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ И ВЛЕЗ ВО ФРАНЦИЈА

 

УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ И ВЛЕЗ ВО ГЕРМАНИЈА

 

COVID 19 -> ИНФОРМАЦИИ ЗА ВЛЕЗ ВО Р.ГРЦИЈА

Во моментов извесни се три начини за влез во земјата:
- Сертификат за вакцинација против Covid 19 (14 дена по примена втора доза од вакцината) или
- Сертификат за прележана инфекција од Covid-19 вирусот
(во период од 2 до 6 месеци пред патувањето, преведен на англиски јазик) или
- Негативен PCR тест (не постар од 72 часа пред патувањето) или брз антиген тест (не постар од 48 часа пред патувањето)

Луѓето кои се вакцинирани ќе имаат дозвола да влезат во земјата без негативен тест и нема да бидат обврзани на карантин.
Сепак, како и во 2020 година, луѓето што влегуваат во земјата преку аеродромот или преку копнените граници ќе продолжат да се тестираат преку брзи тестови по случаен избор.
Бидејќи резултатот од брзото тестирање ќе биде достапен за само неколку минути, во случај на потврден случај, лицето ќе биде спроведено во објекти наменети за изолација од „Ковид-19“ и сите трошоци ќе бидат покриени од страна на Р.Грција.
Наскоро ќе бидат достапни и повеќе ажурирани протоколи за работа на хотелите и сместувачките капацитети.

Важни појаснувања:
- Сите горенаведени најави може да бидат корегирани, променети и зависат од моменталната епидемиолошката состојба во Грција.

* НАПОМЕНА:
- Дадените информации се од информативен карактер, објавени и достапни преку јавните медиуми
- За точни и навремени информации, ве молиме користете го следниот линк -> https://travel.gov.gr/#/

 

УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ТУРЦИЈА

 

УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ХРВАТСКА

 

УСЛОВИ ЗА ВЛЕЗ ВО Р. МАКЕДОНИЈА (ОД 01.СЕПТЕМВРИ 2021)
Одлука на Владата на Република С.Македонија донесена на 17.08.2021 (објавена во Службен весник на 18.08.2021) за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од COVID-19....

За влез на територијата на Република Северна Македонија на домашни и странски државјани, почнувајќи од 1 септември 2021 година, на граничниот премин потребно е да приложат еден од следните документи:

- сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19;

- сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајКи од денот на оздравувањето;

- медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија или

- негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез на територија на Република Северна Македонија.

За лица до 18 години, не се задолжителни гореспоменатите документи.

Доколку патникот не приложи еден од бараните документи (сертификат/потврда/тест) ќе биде упатен во домашна изолација во времетраење од 7 дена.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.

Исклучок од оваа точка се сите видови групни или индивидуални патувања или патници кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, за што задолжително потпишуваат Изјава за транзитирање.

* НАПОМЕНА:
- Дадените информации се од информативен карактер, објавени и достапни преку јавните медиуми
- За точни и навремени информации, ве молиме користете го следниот линк -> https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

 

УРЕДБА НА Р. ГРЦИЈА ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ОТКАЖАНИ ТУРИСТИЧКИ УСЛУГИ
Ваучери наместо рефундација

Грчката Влада донесе уредба со законска сила со која ќе можат сите Грчки авио компании, бродски компании, сместувачки капацитети и туристички агенции ( тур-оператори ), наместо рефундација на сретства да издадат вредносни ваучери , (во вредност од уплатените сретсва), за сите откажани и неискористени услуги настанати поради пандемија на Ковид 19. Вредносните ваучери ќе имаат важност од 18 месеци.

Со оваа мерка се заштитени уплатените сретства на сите патници, кои ќе можат истите да ги искористат за иста или слична услуга во нов датум.

Дополнително со оваа мерка се помага на туристичкиот сектор да го издржи бранот на масовно откажување на туристички патувања поради кризата предизвикана од Ковид 19.

Доколку патниците не го искористат ваучерот во предвиениот рок, итстите по истекот на рокот имаат право да бараат рефундација на уплатените, неискористени сретства.

Авионски карти

Ваучер за авионски карти ќе се издава на сите патници кои имале резервирано лет со Грчки авио-компании и истиот е откажан во период од 25 Февруари до 30 Септември 2020. Патниците ќе имаат право да го искористат ваучерот во период од 18 месеци, за било која дестинаицја кон која оперира авиокомпанијата.

Бродски карти

Ваучер за бродски карти ќе се издава на сите патници кои имале резервирано карти за бродски превоз со Грчки авио-компании, и истиот е откажан во период од 25 Февруари до 31 Октомври 2020. Патниците ќе имаат право да го искористат ваучерот во период од 18 месеци, за било која дестинаиција кон која оперира бродската компанија.

Хотелски резервации и резервации преку туристички агенции

Ваучер ќе се издава на сите патници кои имаат хотелска резервација, резервација на пакет аранжман или угостителско сместување во посретство на туристичка агенција во Грција.
Ваучерот ќе се издава во вредност од уплатениот износ а ќе може да се искористи за иста или слична услуга во период од 18 месеци.

Линк до објавената уредба: тука

 

ПРОТОКОЛИ ПРИ ПОСЕТА НА ТАВ АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД ПАТУВАЊЕ
Патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, да носат заштитна маска постојано, да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена.

Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена на 23-ти јуни 2020 година, за повторно отворање на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид од 1-ви јули 2020 година, по нивното затворање на 19-ти и на 16-ти март годинава, ТАВ Македонија ја информира јавноста дека двата аеродроми ќе се отворат за патнички летови почнувајќи од следната среда, 1-ви јули, со тоа што воведува нови правила за патување, со цел спречување на влез и ширење на COVID-19.

Со цел патниците да се чувствуваат безбедно, ТАВ Македонија го интензивира чистењето и дезинфекцијата на сите површини на аеродромите, додека пак вентилацијата во терминалната зграда е исто така зголемена, со системот за климатизација кој користи F9 нано-хемиски филм-обложени филтри. Дополнително, низ целата терминална зграда на аеродромот поставени се диспанзери со средство за дезинфекција на рацете.
ПРОТОКОЛИ ПРИ ПОСЕТА НА АЕРОДРОМОТ
- Патниците мора да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот и да ја носат се додека не заврши нивното патување на излезот од терминалот на крајната дестинација. На патниците кои нема да носат заштитна маска нема да им биде дозволен влез во терминалната зграда.

- Единствен отворен влез за патниците во терминалната зграда ќе биде влезот “C”.

- Пред да влезат во терминалната зграда, патниците мора да го покажат својот авиобилет (печатен или на нивниот мобилен телефон) на безбедносниот персонал на влезот.

- Секој патник ќе треба да помине преку патосница за дезинфекција на чевлите, а потоа и да ги дезинфицира рацете на безконтактните диспанзери за дезинфекција на раце, поставени на самиот влез од зградата.

- По опишаната дезинфекција, на влезот од терминалната зграда, патниците ќе бидат тестирани за телесна температура, преку термална камера што ја обезбеди ТАВ Македонија, со цел да се спречи влегување на вирусот во зградата на аеродромот. Патниците кои немаат зголемена телесна температура, ќе можат да продолжат до шалтерите за чекирање. Нашиот персонал ќе ја контролира проверката со термалната камера. Доколку е потребно, ќе се прави и дополнителна проверка со бесконтактен термометар.

- Патниците треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, затоа што најмалку 1 час пред времето на полетување тие веќе треба да бидат во бординг зоната, односно на Излезите (Gates).

- За време на процесот на качување во авион, патниците ќе треба да го покажат својот пасош, односно патната исправа и нивната карта за качување во авион на агентот за проверка на картите за качување во авион и индивидуално да ја скенираат својата карта за качување во авион на читачот.

Целосниот протокол и сите останати информации, на следниот линк

 

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • Viber & WhatsApp 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2022

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top