fbpx
Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања
 
23 Октомври (Петок)   СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 17:20 часот. Полетување за Истанбул во 20:20 часот. Слетување во 22:55 часот по локално време. Oрганизиран трансфер до хотел. Ноќевање.
 
24 Октомври (сабота) ИСТАНБУЛ - СУЛТАНАХМЕТ
Појадок. По појадокот, панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас, каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент eкспрес, плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кулата, Египетскиот пазар... Предлагаме разглед на стариод дел на Истанбул Султанахмет: Хиподромот, Сината Џамија позната по 6-те минариња, посета на Аја Софија, изградена во времето на владеењето на царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија а денес служи и како верски објект а отворена е и за посетители. Можност за посета на подземната цистерна Јеребатан сарај, позната како Потонатата палата. Разгледот продолжува со посета на палатата Топкапи, палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, од три страни опколена со море. Прошетката продолжува кон Капали чаршија, затворен трговски со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини. Враќање во хотел или можност за индивидуални прошетки. Ноќевање. 
 
25 Октомври (Недела) ИСТАНБУЛ – КРСТАРЊЕ ПО БОСФОР – ДОЛМАБАХЧЕ САРАЈ
Појадок. Факултативна посета наДолма Бахче Сарај- последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922г. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922г. резиденција на Кемал Ататурк. Факултативно крстарење со брод по Босфор,панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Во вечерните часови, факултативна вечера во национален ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци со мени од прочуената турската кујна. Ноќевање.
 
26 Октомври (Понеделник)  ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за индивидуални активности или факултативна посета на Азискиот дел наИстанбул – Ускудар - Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор...Европа - Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј...Трансфер до аеродромот во Истанбул. Полетување за Скопје во 20:10 часот (локално време). Пристигнување во 19:50 часот.
 
За уплата до 09. Октомври ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 евра (15.440 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 279 евра (17.300 денари)
 
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
- Чекиран багаж до 20кг.
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на Истанбул со локален водич
- Организиција на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси 5.580 денари
- Разглед на историскиот дел на Истанбул Султанахмет со трансфер и локален водич 25 евра
- Влезница Топ Капи палатата со водич 20 евра
- Посета на Долма Бахче Сарај и крстарење по Босфор со превоз, водич и влезници 65 евра
- Вечера во национален ресторан
- Посета на азиски дел со метро 15 евра
- Доплата за еднокреветна соба 3.700 денари
- Патничко-здравствено осигурување (задолжително)
 
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
За влез во Аја Софија не се наплаќа влезница. Потребна е соодветна гардероба (марама и облека со покриени глуждови на нозете)
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми)
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
 
 
Организатор на патувањето: Партнер агенција на Т.А Сама Холидеј
 
 
Прочитано 158 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 

Top