fbpx
Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања
 
13 Ноември (Петок)  СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 17:45 часот. Полетување за Истанбул во 20:45 часот. Слетување во 00:25 часот (следниот ден, на 14.Ноември) по локално време. Oрганизиран трансфер до хотел. Ноќевање.
 
14 Ноември (Сабота)  ИСТАНБУЛ - СУЛТАНАХМЕТ
Појадок. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Вселенската патријаршија, Галата кулата, Египетскиот пазар... Разглед на стариод дел на Истанбул Султанахмет: Хиподромот, Сината Џамија позната по 6-те минариња, посета на Аја Софија, изградена во времето на владеењето на царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија. Денес служи и како верски објект но отворена е и за посетители. Разгледот продолжува со посета на палатата Топкапи, палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, низ историјата. Во попладневните часови, препорачуваме индивидуална посета на Капали Чаршија, затворен трговски пазар со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини. Ноќевање.
 
15 Ноември (Недела)  ФОРМУЛА 1 ИСТАНБУЛ 
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативна посета на трката во Формула 1 за големата награда на Истанбул. Уникатно искуство кое мора да се доживее. Формула 1 после пауза од 10 години се враќа во Истанбул и е единствениот голем спортски настан кој има добиено дозвола за присуство на публика !!!
Во вечерните часови, факултативна вечера во национален ресторан, за незаборавно доживување со богата уметничка програма, ориентални танци со мени од прочуената турската кујна. Ноќевање.
 
16 Ноември (Понеделник)  ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Одјавување од хотел. Факултативна можност за крстарење со брод по Босфор и панорамски разглед на раскошните палати. Трансфер до аеродромот во Истанбул. Полетување за Скопје во 20:10 часот (локално време). Пристигнување во 19:50 часот.
 
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
249 евра (14.200 денари)
за уплата до 09 Октомври!
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 279 евра (16.680 денари)
 
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
- Чекиран багаж до 30кг.
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
Организиција на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси 5.580 денари
- Панорамски разглед и разглед на историскиот дел на Истанбул Султанахмет со трансфер и локален водич 25 евра
- Доплата за влезница Топ Капи палатата со водич 20 евра
- Крстарење со брод по Босфор со превоз и водич 25 евра
- влезници за Ф1
- Трансфер за Ф1 од хотел / до хотел – 30 евра
- Вечера во национален ресторан 35 евра
- Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари
Патничко-здравствено осигурување (задолжително)
 
Untitled i 
 
ВАЖНО при купување на билет:
- Патникот ја купува и ја плаќа во целост избраната категорија на билет!
- Доколку се промени пандемиската состојба и натпреварот се одржи зад затворени врати (т.е. без публика), сите платени билети ќе бидат откажани и износите ќе бидат вратени!
- Доколку туристот одбие да патува, а натпреварот се одржува со публика, билетите НЕ можат да се откажат и износот уплатен за истите нема да биде вратен!
 
Саатници на летовите:
TK1006 V FR 13NOV SKPIST 2045 0025*
TK1005 V MO 16NOV ISTSKP 2010 1950
 
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
За влез во Аја Софија не се наплаќа влезница. Потребна е соодветна гардероба (марама и облека со покриени глуждови на нозете)
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми)
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
 
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето!!!
 
Прочитано 238 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 

Top