ЗИМА БАНСКО 2019 – Хотел ОРБИЛУКС 3* - ПАКЕТ аранжмани

Хотелот Орбилукс 3* се наоѓа во Банско. Неговата местоположба е идеална, на само 480 метри од ски лифтот, а сето тоа надополнето со спојот на традиционалното и модерното, ќе го направи вашиот престој незаборавен.
СОДРЖИНА: За удобноста на гостите хотелот има централно греење, рецепција, собна услуга, интернет, лоби бар, ресторан, летна градина, скара, покриен базен, современо опремен спа центар (сауна, парна бања) со топла врска, фитнес центар, сали за масажа, ски гардероба, минибус кој бесплатно ве носи и враќа од ски центарот, лифт, 24 часовна лекарска услуга.
Ресторанот Орбилукс нуди пријатна атмосфера со вкусна храна, како класична, така и традиционална, подготвена од мајсторските раце на готвачите.
Од апартманите се открива неверојатна глетка кон пистите на Банско и Пирин планина. Хотелот нуди можност за изнајмување на ски опрема и купување на ски карта директно на рецепцијата.
ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ СЛЕДУВААТ ТЕРМИНИТЕ И ЦЕНИТЕ ЗА БАНСКО – РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА до 20.11, ПРОМО до 25.12 со уплата од 30% на сумата на аранжманот

ТЕРМИНИ:

Рана резервација

ПРОМО

Редовна цена

04.01-07.01

119евра

129евра

135евра

10.01-13.01

99евра

105евра

115евра

17.01-20.01

99евра

105евра

115евра

24.01-27.01

99евра

105евра

115евра

31.01-03.02

99евра

105евра

115евра

07.02-10.02

99евра

105евра

115евра

14.02-17.02

95евра

99евра

109евра

21.02-24.02

89евра

95евра

105евра

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• три ноќевања во хотел ОРБИЛУКС 3*(http://www.orbilux.bg/) на база полупансион (појадок и вечера)
• автобуски превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Банско-Скопје
• неограничено користење на базенот и спа центарот во хотелот (сауна и парна бања), како и теретана
• комплетна организација и придружник за време на патувањето и престојот во Банско
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• задолжителна доплата за туристичка такса, едно евро од ден
• задолжително патничко осигурување
• факултативна посета на бачило
НАПОМЕНИ:
• Дете од 0 до 2,99 евра не плаќа и спие во кревет со возрасен
• Дете од 3 до 11,99 години на дополнителен кревет плаќа 50% од сумата
• Дете со еден возрасен на класичен кревет ја плаќа целосната сума на аранжманот
• Доколку користите сопствен превоз, се одбиваат 10 евра од сумата на аранжманот

 

МОЖНОСТ ЗА БИРАЊЕ НА ТЕРМИН И БРОЈ НА НОЌЕВАЊА ВО ЗАВИСНОСТ ОД ПЕРИОД. ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН И СОПСТВЕН ПРЕВОЗ. ОПЦИЈА ЗА ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ДАТУМОТ (со доплата).

ТЕРМИНИ:

Рана резервација

ПРОМО

Редовна цена

02.01-09.01 (5ноќи)

169евра

179 евра

189 евра

02.01-09.01 (7ноќи)

199 евра

209 евра

219 евра

09.01-10.02 (5ноќи)

139 евра

149 евра

159 евра

09.01-10.02  (7ноќи)

179 евра

189 евра

209 евра

10.02-01.03 (5ноќи)

129 евра

139 евра

149 евра

10.02-01.03 (7ноќи)

159 евра

179 евра

189 евра

 

ПРОГРАМА:
Прв ден (четврток): Состанок на групата во раните утрински часови на Дрводекор во Скопје. Поаѓање за Банско по сместувањето на багажот и патниците во автобусот. Патување преку граничен премин Деве Баир, со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Банско во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно попладне и време за индивидуални активности.
Вечерта во зависност од договорот со претставникот, се посетува некој од локалните клубови и дискотеки.
Втор ден (петок): Во договор со вашиот водич, постои опција за факултативна посета на бачилото (Бандеришка Полјана). Групата се задржува неколку часа и ужива во зимското Сонце, пиејќи топло чајче со рум или греено вино. Атмосферата се вжештува со забавата која ја прават девојките качени на хамери, кои покрај оние што се дојдени за уживање, ги примамуваат и скијачите да се придружат на забавата.
Повторно вечерта организирана посета на клуб или диско.
Трет ден (сабота): Слободен ден за секакви активности по ваша желба, а вечерта како за крај повторно се посетува некој локален паб или клуб.
Четврт ден (недела): Напуштање на собите до 10:00часот, слободно време се додека не дојде време за поаѓање за Македонија (во договор со водичот). При враќањето кон Македонија, групата застанува во Метро на кратка пауза за освежување и мал шопинг. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

Прочитано 51 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top