Богатата историја на Белград се чуствува низ градот, особено во стариот дел на белградската тврдина. Белград се одликува со изобилство на културни атракции и широк спектар на настани кои привлекуваат посетители од цела Европа.Како еден од најстарите градови во Европа, кој се наоѓа на крстопатот на Истокот и Западот, главниот град на Србија е неверојатно богат мозаик на различни култури, влијанија и стилови со мистериозна и егзотична атмосфера.Европски но со ориентални влијанија, Белград е одличен за викенд одмор, со тон од интересни знаменитости и атракции, прекрасна архитектура, брз ноќен живот, шопинг и просперитетна културна сцена.

Не пропуштајте да ги посетите:

- Калемегдан
- Плоштадот на Републиката
- Кнез Михајлова
- Скадарлија
- Народен театар
- Народното собрание
- Споменикот на победникот
- Сплавовите на Дунав
- Музејот на Никола Тесла
- Храмот Св.Сава

Цена: од 229 € (3 RO)

Во цената на пакетот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје–Белград–Скопје (Jat Airways)
SKP-BEG 06.00 – 06.55
BEG-SKP 21.30 – 21.45
- Аеродромски такси
- Хотелско сместување во хотел *** / 2 BB

* Цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата.

Во цената на пакетот не е вклучено:
- Јавен транспорт од аеродром до градот = 2,5 €
- Трансфер со TAXI = 15-35 €, во еден правец за две лица

Просечни трошоци:
-Оброк (Примамливи цени во ресторани) 5,30€
-Вода 1,50мл 0,40€
-Капучино 1,20€
-Пиво 0,60€
-Билет во 1 правец (Локален транспорт) 0,7€

Прочитано 1739 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top