fbpx

ИСТАНБУЛ со крстарење по Босфор

  • Понудата е објавена на 07/10/2020
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
 
04.декември (петок)        СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони и Грција. Ноќно возење со попатни одмори.
 
05.декември (сабота)    ИСТАНБУЛ и ТОП КАПИ
Пристигнување во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата, Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), и факултативно посета на палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед (некогашно главно седиште на Османлиската империја, изградена во времето на Султан Мехмед II).   Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Можност за вечера во национален ресторан. Ноќевање.
 
06.декември (недела)    ИСТАНБУЛ (ДОЛМА БАХЧЕ, AЈА СОФИЈА, ЦИСТЕРНА)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или можност за факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај (првиот дворец изграден во Османлиската империја, кој до 1922 г. бил резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 г. во него живеел и Кемал Ататурк). Денес е национален музеј, кој содржи уметничко-историски збирки од непроценливо богатство.  Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство), посета на базиликата „Цистерна“ (позната и како „Потоната палата“ - најголемата од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул). Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Ноќевање.
 
07.декември (понеделник)         ИСТАНБУЛ - БОСФОР - СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативно крстарење со брод по Босфор и панорамско разгледување на палатите од двете страни на каналот. Пловење под мостовите над Босфор, кои ги поврзуваат копната на континентите Европа и Азија, Попладне заминување кон Македонија. Патот води преку Грција. Дневно и ноќно возење со попатни застанувања и одмори.
 
08.декември (вторник)         СКОПЈЕ
Влез во Маледонија и пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
Цена на аранжманот:   99 €   (6.140,00 мкд.)
 
Во цената на аранжманот е вклучено:          
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во Истанбул, во хотел ***,  на база 2 ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Истанбул
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:     
- Факултативна посета на Долма Бахче Сарај и Топ Капи Музејот
(2 влезници, превоз и локален водич: 30€)
- Факултативно крстарење по Босфор (карта и локален водич: 13€)
- Факултативна вечера во национален ресторан (вечера и шоу-програма: 20€)
- Влезници за музеите, палатите и културно историските споменици
- Патничко здравствено осигурување
 
НАПОМЕНИ:
- За патување и влез во Турција, не е потребен претходен негативен PCR тест за "Covid 19", како воедно ни за транзитното патување низ Бугарија.
- Датум на важност на пасош: минимум 120 дена од датумот на враќање.
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на патувањето е партнер агенција на Сама Холидеј

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 

Top