fbpx

ВЕЛИНГРАД СО ПОСЕТА НА РИЛСКИ МАНАСТИР

  • Понудата е објавена на 14/09/2018

05.декември (сабота) СКОПЈЕ – СОФИЈА - ВЕЛИНГРАД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во Скоје, во 05:30 часот. Поаѓање во 06:00 часот. Влез во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир. Околу пладне пристигнување во Софија, панорамски разглед на градот: градскиот плоштад, шопинг центарот Цум, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесете позлатени куполи, Дворецот на културата... организирана посета на некој од познатите шопинг центри: “The Mall”, “Serdika”, “Ikea”... попладне заминување за Велинград. Сместување во хотел. Ноќевање.

06.декември (недела) ВЕЛИНГРАД
Појадок. Полудневен излет низ регионот на Велинград и езерото Клептуза. Слободно време за индивидуални активности или одомор и релаксирање во спа центарот (затворен базен, сауна, парна бања, џакузи) на хотелот. Вечерта можност за факултативна вечера во национален ресторан. Ноќевање.

07.декември (понеделник) ВЕЛИНГРАД – РИЛСКИ МАНАСТИР - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување за Скопје. Попатна посета на Рилскиот Манастир во близина на Благоевград. Рилскиот Манастир е најголемиот манастир во Бугарија и е основан во првата половина на X век. од бугарски монах-пустиник Јован Рилски. Денес манастирот е Национален музеј вклучен во листата на светското културно наследство на УНЕСКО... Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 79 EUR (4.900,оо мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во Велинград, во хотел ***, на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Патничко здравствено осигурување
- Други неспоменати посети и услуги

Напомени:
- За патување во Бугарија потребен е претходен тест за "Covid 19"
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ 
- Организатор на патувањето е партнер агенција на САМА Холидеј

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 

Top