fbpx

Мексико

Мексико се смета за една од најпопуларните туристички дестинации. Испреплетеноста на традиционалниот со модерниот живот овозможува Мексико да нуди многу разновидности надополнети од страна на уникатни археолошки локалитети, пустини и врвови на Андите, вулкани и песочни плажи, мали колониални градови со зачувана архитектура на шпанските освојувачи и остатоци од античките населби и светилиштата на Маите и Ацтеките.
Културата на Маите владеела на полуостровот Јукатан, на југоисточната страна на Мексико, затворен од Мексиканскиот Залив и Карипското Море. Во оваа област, Маите го достигнале својот супериорен степен на развој. Сепак, цивилизацијата на Маите достигнала огромно проширување, од јужното Пацифичко крајбрежје на Мексико до Централна Америка. Трагите на номадските населби на Маите се враќаат во 1500 година п.н.е. Познати во нивните градежни техники, нивните врежани натписи на нивните Пирамиди, згради и храмови. Маите развиле структура на пишување, користејќи хиероглифи и така воделе запис за наодите на Маите во математиката, архитектурата и астрономијата.
‘’Акцентите на Јукатан’’ е комплетна тура во светот на Маите вклучувајќи го и Канкун, градот кој се наоѓа на Карипско Море со 22 километри бели песочни плажи и тиркизна вода. Поделен на пет зони, островот Канкун е првата и најважна хотелска зона, каде што се концентрирани повеќето од плажите и туристичките активности. Во моментов, оваа дестинација е дом на најголемите хотелски ланци во светот, луксузни одморалишта, ресторани и барови, продавници од светски познати брендови, трговски центри, терени за голф и ноќни клубови. Канкун е една од омилените дестинации на голем број туристи во светот кои што уживаат во прекрасното време, најубавите плажи во земјата, гастрономијата и многубројните продавници. Посетителите можат да уживаат во разни активности и неверојатен панорамски простор, што ќе им даде чувство дека се во рајот.

ХОТЕЛ 4*
OASIS PALM 4* КАНКУН
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 06.12.2019 – 17.12.2019
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 07.12.2019 – 16.12.2019
УСЛУГИ 3BB + 6AI
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 9Н / 11Д
Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 30.Април.2019 1795€ / 111.290мкд
Цена по лице во двокреветна соба 1955€ / 121.210мкд
Доплата за еднокреветна соба 395€ / 24.490мкд

Цената влучува:

Авионски превоз Скопје – Канкун – Скопје, со вклучени аеродромски такси
3 ноќевања во Хотели со 4*на база ноќевање со појадок
6 ноќевања во Oasis Palm 4* на база All Inclusive
Кружна тура по стапките на Маите, со вклучени посети на аерхелошките локалитети
Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
Техничко водство / Пратител на групата, доколку групата е над 15 патници

Цената не вклучува:

Влезна виза за Мексико (се вади во Белград, за повеќе информации ве молиме обратете се во Агенција);
Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
Задолжително патничко осигурување
Факултативни излети
Бакшиши за локалните возачи и водичи

Забелешки:

Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 15.

За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

 

Прочитано 2862 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top