fbpx

Сејшелите преставува архипелаг од 115 гранитни и корални острови со легендарна убавина на западната обала на Африканскиот континент во западниот Индиски океан, на 1500 километри оддалеченост од копното на Африка, или поточно североисточно од Мадагаскар.

Овој прекрасен рај Ви нуди преубави плажи, туркизно плаво море и пријатно топло време. Поради тоа не е ни чудно што Сејшелите многумина го сметаат за најубав архипелаг во светот. Неколку стотици плажи се протегаат на островите Мае, Прале и Ла Диг кои се едни од најубавите во светот. Сејшелските острови уживаат во тропска клима во текот на целата година и воглавно нема екстремни временски промени. Во овој пријатен тропски рај, температурите ретко се симнуваат под 24 степени ниту се искачуваат над 32 степени.

Одморот во Сејшелите несомнено ќе Ви биде еден од најубавите бидејки со својата природна убавина, безбедност и мир на своите гости им нуди разноврсни можности за уживање во широката понуда за откривање на островите и тропските авантури, едрење, нуркање, риболов, како и романтични прошетки. Сите овие основни состојки во оваа држава се комбинираат со риба од Индискиот окејан и најразлични тропски зеленчуци и овошја.

Доколку одлучите да патувате на Сејшелите, ќе имате прилика да имате незаборавен одмор уживајки во земјата со “вечно сонце” кадешто хармонијата преставува начин на живот.

ТЕРМИНИ НА ПАТУВАЊЕ
19.01 – 28.01.2024
04.02 – 13.02.2024
02.03 – 11.03.2024

Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino 3* од 1275 евра

Напомени

1.ден БЕЛГРАД – ДОХА
Пристигнување на аеродромот Никола Тесла 2 часа пред полетување на авионот.
Лет за Доха QR 232 во 11:55

2.ден ДОХА – МАХЕ
Слетување во 18:50 по локално време. Лет за Махе – Сејшели QR 678 во 02:50
Слетување во 08:30 по локално време. Трансфер до хотелот. Слободно време. Ноќевање.

3-8 ден МАХЕ
Престој во хотел на база ноќевање со појадок. Денови предвидени за узивање на плаза. Организирање факултативни излети по барање до околните острови (Praslin, La Digue).

9 ден. МАХЕ – ДОХА
Појадок. Слободно време до трансфер за аеродром. Чекирање на лет за Доха QR 679 во19:20. Слетување во Доха во 23:00 по локално време.

10.ден ДОХА – БЕЛГРАД
Лет за Белград QR 231 во 07:15. Слетување на аеродромот Никола Тесла во 10:45.

Хотел во Понуда:

BERJAYA BEAU VALLON BAY RESORT & CASINO*** - www.berjayahotel.com/mahe/index.asp
Локација: остров Махе, на плажата BEAU VALLON, 15km од самиот Аеродром; соби: хотелот располага вкупно со 182 соби (од кои: 155 класични двокреветни/ 25 супериор и 48 делукс соби и 3 апартмани), секоја соба има TV, клима, телефон, мини-бар, фен, балкон или тераса; Хотелска содржина: ресторан, кинески ресторан, пицерија, бар, салон за убавина, базен, итернет-кафе, билијард, спортови на вода..

Цената е валидна до пополнување на места на дадена тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена).

Цената вклучува

Повратен авионски билет
Аеродромски такси
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Сместување во двокреветна соба на база 7 ноќевања со појадок во Хотел Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino 3*
Трошкови за организација на патувањето
Цената не вклучува

Меѓународно здравствено осигурување
Факултативни излети
Индивидуални трошкови
Услови:

При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 20 дена пред поаѓање.
Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
Задолжително патничко осигурување
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd). Важат општите услови на патување

Корисни информации
ВАЛУТА сејшелски рупи, понети долари (не постати од 2003 година)
ЈАЗИК англиски, француски и креолски
ВИЗА за македонски државјани не е потребна
СТРУЈА потребен е адаптер (повеќето хотели го имаат во понуда)
КЛИМА 24-32 стпени во текот на целата година

Мае (француски:Mahé) се наоѓе во североисточниот дел на Сејшелите и е најголем остров во архипелагот со 157,3 км2. Во 2010 г. имал 77.000 жители , што претставува 86% од вкупното население на државата. На него е сместен главниот град на Сејшелите, Викторија. Островот е наречен во чест на францускиот поморски офицер Бертранд-Франсоа Мае де ла Бурдоне (1699 - 1753), управник на Маврициус. Жителите се сместени претежно во северните и источните делови на островот, каде се наоѓа и меѓународниот аеродром. Во јужниот и западниот дел се сместени морските национални паркови „Залив Терне“, „Порт Лоне“ и Универзитетот на Сејшелите.

Праслин ,некогашно засолниште на пиратите и арапските трговци e вториот најголем остров на Сејшелите, со популација од околу 7500 жители. Денес овој рајски остров претставува популарна туристичка дестинација. На овој остров се наоѓаат Ансе Лацио и Ансе Жоржет песочни бели плажи со тиркизната боја на океанот, а вбројуваат во најубавите плажи во светот. Воедно на островот има и голема експанзија на тропски шуми, а познат е исто така по уникатниот вид палма Коко де мер и по ванилините орхидеи Островот е богати со разни птици, меѓу кои и ендемскиот сејшелски биљбиљ.

Ла Диг е трет по големина остров на Сејшелите со популација од околу 2800 жители. Исто како и Мае и Праслин има прекрасни плажи со бел песок и богата тропска вегетација. Најпознати плажи на овој остров се Anse Source d'Argent и Grand Anse. На овој остров има значителна популација на гигантски желки кои доаѓаат од островот Алдабра.

Вашиот одмор на Сејшелите –

„Во другиот свет“

Една од најубавите островски држави распространета на архипелаг во Индискиот океан. Егзотика од која застанува здивот, неверојатни пејсажи, забава, вкусна храна и кокосови ореви во изобилство.

Ова е место за одмор од соништата ...

Контакт информации

+389 43 231 221

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прочитано 7214 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top