fbpx

TАЈЛАНД

ВЕЛИГДЕН, ПРВИ МАЈ И ОДМОР НА ОСТРОВОТ ПУКЕТ

11 дена / 9 ноќевања
22.04.2019

Тајланд е земја која се наоѓа зад волшебното огледало, прекрасна во својата разноликост, бојата, мирисот и страстa….сосема поинаква од нашата реалност.
Народот, природата, и храната се посебно доживување под тропското небо. Таму се цвета со посебен сјај кој се памети многу долго. Тајланд се наоѓа во централниот дел на Индокина и граничи со Малезија, Камбоџа, Лаос и Мјанмар, препознатлив како земја на орхидеи, мистични реки, тропски шуми, прекрасни Будистички храмови како и пријателски расположени и насмеани луѓе. Бангкок е модерен главен град на Тајланд, со повеќе од 15 милиони жители, каде античките храмови, населби и пазари се потпираат на блескавите облакодери, тој е метропола со сто лица, која се развива со неверојатна брзина.

PHUKET - Некогаш изолиран и малку населен остров, Пукет бргу прераснува во модерна и луксузна туристичка дестинација која е денес посетена од огромен број на туристи од целиот свет. Овој тропски рај е вистинско место за љубителите на песочни плажи, чисто и топло море и богат природен диверзитет. Покрај изобилството на убави плажи, море и сонце, Пукет нуди и други интересни вредности како будистички храмови, живописни локални места, ресторани, забава и богат ноќен живот. Климата на островот е тропска со високи температури во текот на целата година и висока влажност во воздухот. Ова незборавно, лесно патување ќе ви донесе многу интересни информации, забава и уживање, кои ќе ви останат во трајни спомени.

SEAVIEW PATONG HOTEL 4****

SEAVIEW PATONG HOTEL е лоциран на 40 км од аердромот во Пукет, и 15 км од центарот на Пукет, во непосредена близина до плажата, доволно далеку од метежот и вревата за да уживате во тропскиот одмор, како и фантастично место за цело семејство. Постојат многу работи кои што може да се направат во Seaview Patong Hotel. Можете да уживате покрај убавиот базен, да ја вкусите традиционална храна, или пак да уживате во познатата тајландска масажа во спа и фитнес центарот. Искористете ги деновите за да се релаксирате под сонцето, со многубројни вкусни пијачки и да ја дегустирате лоакалната и интернационална кујна во ресторанот кој се наоѓа покрај базенот. Samunprai Spa ви нуди прекрасни масажи и третамни за релаксиран одмор. Хотелот истотака нуди 2 отворени базени за возрасни и еден за деца, салон са убавина, wifi, доктор( со повик.). Хотелот располага со соби кој што се дизајнирани според тајландскиот стил, со топли бои и дрвен мебел. Удобни соби и апартмани со квалитетни душеци за мирен сон, приватни балкони и бањи со кади и тушеви.

Програма на патување:

1 ДЕН (22.04.2019 – понеделник) СКОПЈЕ – ДОХА – ПУКЕТ

Состанок на патниците нa аеродромот „Скопје“ во 10:45 часот. Полетување за Доха во 12:45 часот со лет QR 306. Пристигнување во Доха во 18:40 часот. Полетување за Пукет во 20:00 часот со лет QR 842.

2 ДЕН (23.04.2019 – вторник) ПУКЕТ

Пристигнување во Пукет во 06.55 часот ( локално време). По завршување на пасосшка и царинска контрола, трансфер до хотелот. Сместување во соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор, уживање на плажа или за индивидуални разгледи.

4 – 10 ДЕН (24.04. 2019 – 01.05.2019 среда – среда) ПУКЕТ

Појадок. Слободен ден, време за одмор и индивидуални активности. Слободно време – Пливање, масажи, убави плажи, бел песок, тиркизни, топли води, феноменален зајдисонца и екскурзии до блиските острови, ќе направи да се чувствувате како небото. Време резервирано исклучиво за уживање! Невообичаениот ноќен живот е сцена како од најлудите филмови! Можност за организирање на факултативни екскурзии: Полудневн разглед на Пукет; Слон Сафари; Кабаре Шоу; посета со глисер на рајски острови меѓу кои и плажата на островот Phi Phi позната по филмот “The Beach” со Леонардо Дикаприо; Посета на областа Phang Nga каде се наоѓа популарниот остров од “Џејмс Бонд”; Посета на други познати плажи на Пукет… Ноќевање.

11 ДЕН (02.05.2019 – четврток) ПУКЕТ – ДОХА – СКОПЈЕ

Појадок, одјавување на собите. Слободно време до трансфер за на аеродром. Лет кон Доха QR 841 во 20:40. Пристигнување во Доха во 23:50. Лет за Скопје на 03. Мај со лет QR 305 во 06:55, пристигнување во Скопје во 11:15 часот.

ПЕРИОД

22.04.2019 – 03.05.2019
23.04.2019 – 02.05.2019

УСЛУГИ

BB НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 9Н / 11Д


РАН БУКИНГ ЦЕНА по лице во 1/2 соба (за резервации до 31.Декември) 799 € / 49.538 мкд

Цена по лице во двокреветна соба 969 € / 60.078 мкд


Доплата за еднокреветна соба230 € / 14.260

Цената влучува:

Авионски превоз Скопје – Пукет – Скопје
9 ноќевања во SEAVIEW PATONG HOTEL 4*на база ноќевање со појадок
Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
Техничко водство / Пратител на групата

Цената не вклучува:

Аеродромски такси во висина од 100 еур
Влезна виза за Тајланд (потребни се 2фотографии, ,пасош со валидност од најмалку 6 месеци по датумот на враќањеи 90€);
Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
Задолжително патничко осигурување
Факултативни излети

Забелешки:

Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
Во случај на помал број од 20 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но цената ќе претрпи промена

Забелешки:

Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.

• За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

 

Прочитано 3432 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top