Малдивите или Малдивските Острови се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот океан, југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња.Малдивите се познати по своите природни убавини - син океан, бели плажи и умерени температури. Температурите на водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година.Главни индустрии се туризмот и рибарството.Природните убавини се магнет за туристите и најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот.Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1 ден Полетување од Скопје во 12: 45 часот, пристигнување во Доха во 18: 40, Полетување од Доха во 02: 00 часот, слетување во Мале во 09:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

2 ден до 8 ден Престој во избраниот хотел според табелата , слободно време за индивидуални активности и одмор.

9 ден Трансфер до аеродром. Полетување од Мале во 20: 20 часот , слетување во Доха во 23:20 часот, пристигнување Скопје наредниот ден во 11:55 часот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје - Доха - Мале - Скопје
- Аеродромски такси
- Сместување во хотел и услуга по избор од табелата на 7 ноќевања
- Повратен трансфер од аеродром Мале до соодветниот хотел (со хидроавион или брз глисер, соодветен според хотелот)

Maldivi 08 2018 web

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)

НАПОМЕНИ:
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Цената е дадена за миниум 2 лица

Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста по хотелите.
Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите.

Прочитано 4231 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top