fbpx


Софија – Лисабон – Алгарве – Севиља – Олау – Риа Формоса – Тавира – Евора – Фаро – Лисабон – Синтра – Кашкаjш – Ешторил – Кабо де Рока – Обидуш – Назаре – Фатима – Баталја – Лисабон

ТЕРМИН - 26.05.2022

Главна дестинација: Португалија
Времетраење: 9 дена
Превоз: автобус и авион
Ноќни патувања: нема
Тип на патувањето: групно

Лисабон е главниот град на Португалија и несомнено еден од најинтересните градови во Европа. Лоциран е на седум ниски ридчиња кај сливот на реката Тежу во Атлантскиот Океан. Во центарот на Лисабон има широки, оградени со дрвја плоштади, тротоари со мозаици и улични кафулиња. Стариот град има неверојатна атмосфера - стрмни улици со пријатни ресторани, барови и продавници. Во 1755 г. поголемиот дел од Лисабон е уништен од катастрофалниот земјотрес, проследено со пожар и бранови цунами. Градот е обновен само за неколку години и денес има сè што е потребно за да се заљубите во него.

Алгарве е најјужниот регион на Португалија, поседува 150 километри крајбрежје чии неверојатни плажи од бел песок и кристална вода на места со чудни убави карпи и пештери. Егзотичната убавина на природата, меката медитеранска клима, бројните атракции, знаменитости и терени за голф го претвориле Алгарве во омилено место за одмор на илјадници туристи од целиот свет. Околу 7 милиони странци го посетуваат годишно, а ако се вклучат и португалските туристи, бројот расте до 10 милиони. Покрај туризмот во Алгарве е добро развиено и земјоделието - тука се одгледуваат смокви, бадеми, портокали, а се одгледува и даб за плута. Океанот, се разбира, обезбедува широк спектар на храна и риба.

хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4 *, Коста да Капарика, регион Лисабон

Локација: Хотелот е лоциран на морскиот брег во Коста да Капарика, на најпознатата голема плажа во реонот на Лисабон која е покриена со фин песок. Центарот на Лисабон е оддалечен 15 км, а аеродромот е 20 км. На 7,5 км од хотелот има станица, од која може да се фати воз до центарот на главниот град.

Соби: Сите соби располагаат со клима уред, сателитска ТВ, телефон, бања со када, фен, мини бар, бесплатен Wi-Fi, балкон. Достапни се соби за непушачи, како и простории за тешко-подвижни луѓе.

Во хотелот: телевизиска сала, библиотека, продавници, бар, ресторан, а-ла-carte ресторан, снек-бар до базенот, надворешен базен, внатрешен базен со загревање на водата, фитнес сала, мини клуб, игралиште, бејбиситерка, бесплатен Wi -Fi на заедничките делови.

 

хотел "Yellow Monte Gordo" 4 *, Монте Гордо, регион Алгарве

Локација: Хотелот се наоѓа на источниот дел на регион Алгарве, опкружен од природниот резерват Castro Marim. Центарот на Монте Гордо се наоѓа на 200 метри, а плажата е на 100 метри. Древното рибарско село Vila Real de Santo António со широка и убава плажа, блага клима и неколку пешачки зони, се наоѓа на 3 км.

Соби: Широки и просторни простории (45 м2), сите опремени со клима уред, телевизор со сателитски канали, телефон, простор за седење, бања со туш, фен, мини бар, сеф, бесплатен Wi-Fi, балкон.

Во хотелот: 2 ресторани, бар кај базенот, снек бар, отворен базен, сончева тераса, СПА центар (затворен базен со греење, сауна, турска бања, џакузи, соби за масажа), сала за игри, автомобили и велосипеди за изнајмување, детски базен, детски клуб, вечерни игри и шоу програми, анимација, продавници.

ПРОГРАМА

ДЕН 1
Софија – Лисабон
Поаѓање од аеродром Софија (Терминал 2) во 20:50 ч. со лет на авиокомпанијата "Bulgaria Air". Пристигнување на аеродромот во Лисабон во 23:00 ч. Трансфер до хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4 * (или сличен) во одморалиштето Коста да Капарика (околу 1 час). Сместување. Вечера (сув пакет). Ноќевање.

ДЕН 2
Алгарве
Појадок. Панорамска обиколка на Лисабон (вклучена во цената): реонот "Баиша", обновен по земјотресот во 1755 год.; Плоштадите "Фигеира" и "Росио"; Најголемиот плоштад во Лисабон - "Комерсио". Споменикот на Oткривачите, изграден во чест на Енрике Морепловецот, кој се наоѓа на устието на реката Тежу; кулата "Белем" и манастирот "Жерoнимуш" кој се смета за ремек-дело на португалската мануелна уметност. Поаѓање кон реон Алгарве. Сместување во хотел " Yellow Monte Goro" 4 * (или сличен) во одморалиштето Монте Гордо. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 3
Севиља
Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Севиља - уникатен град, главен град на Андалузија, со монументални архитектонски и историски споменици: плоштадот "Шпанија" – полукружен комплекс, оформен на местото каде што во 1781 год. последната вештерка била запалена на клада; Парк “Марија Луиза”, во кој се одржала латиноамериканската изложба во 1929 год.; Златната кула - Дванаесет низинска кула од 13 век; зградата на стоковната берза, во која денес се чува архивата поврзана со отворањето и колонизацијата на Америките, како и дневникот на Кристофер Колумбо и картата на светот на Хуан де ла Коса; Програмата продолжува со палатата “Алкасар де Севиља” - еден од најдобро зачуваните примери на стилот Мудехар, омиленото место на шпанското кралско семејство; Катедралата со гробот на Кристофер Колумбо, кој според последните мерења е најголемата во светот готска катедрала и кулата "Хиралда", која за време на владеењето на маврите била примарното минаре на главната џамија. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 4
Олау – Риа Формоса – Тавира
Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија Олјау, Риа Формоса (со вклучено крстарење околу час и половина) и Тавира. Посета на Олјау - најголемото пристаниште во Алгарве со убави песочни плажи. Една од главните атракции во Олјау е најголемиот пазар за риби во Јужна Португалија и Национален парк "Риа Формоса", кој може да биде разгледан само со чамец. Следува крстарење низ лагуните на резерватот (вклучено во цената на дополнителната екскурзија и се спроведува при соодветни временски услови). Слободно време. Поаѓање за Тавира – се смета за еден од најубавите и зачувани градови во реонот на Алгарве. Посета на стариот кварт и црквата "Простување Божјо", урнатините од замокот Муринс и римскиот мост. Реонот е населен уште од VIII век пр. Хр. и има како муслиманско, така и римско наследство во својата богата историја. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 5
Евора – Фаро – Лисабон
Појадок. Поаѓање за Лисабон. Попатна пауза во Фару и Евора. Пешачка прошетка во Фару - едно од најубавите места во Португалија, град полн со историја, театри, галерии, пријатни ресторани, кафулиња, продавници и прекрасни плажи. Поаѓање за Евора - волшебно гратче, во списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО: Поглед на Катедралата (XIII-XIV век), која е една од најважните готски згради во Португалија, црквата Св. "Франциск" и урнатините на Римскиот храм, посветен на Дијана - божицата на ловот. Слободно време во Евора. Поаѓање за Лисабон. Сместување во хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4* (или сличен) во Коста да Капарика, реон Лисабон. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 6
Синтра – Кашкаjш – Ешторил – Кабо де Рока
Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Синтра, Ешторил, Кашкаиш и Кабо да Рока. Неслучајно Синтра се смета за една од најдобрите туристички дестинации на Португалија - замоци, аристократски дворци, споменици, фасцинантна природа и незаборавни глетки. Посета на „Паласио Насионал Синтра“ - палатата била официјална резиденција на кралското семејство до почетокот на XX в. Можност за посета на дворецот "Кинта да Регалеира" - комплекс од 5-катна палата, прекрасен парк со езера, пештери, извори и фонтани. Кашкаиш и Ешторил се претвораат во едни од најкосмополитските туристички дестинации на Португалија од како кралот Луис I го избира заливот за негова летна резиденција на крајот на XIX век. Кашкаиш - типично рибарско село кое се претворило во прекрасно морско одморалиште, на чиј што брег се наоѓа "Устата на Пеколот" (Boca do Inferno) - импресивна карпеста провалија каде се губат морските води. Ешторил - тропска градина лоцирана на брегот на морето. Кабо да Рока - најзападниот дел на континентална Европа. Прочуените португалски морнари тргнале од тука кон непознатото за да најдат нови земји, да добијат слава, богатство и престиж. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 7
Обидуш – Назаре – Фатима – Баталја
Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Обидуш, Назаре, Фатима и Баталја - ден во кој ќе ги посетите едни од најпознатите историски места во Португалија. Заборавете на сегашноста и вратете се назад во времето во селцето Обидуш, опкружено од ѕидините зад кои се наоѓаат традиционални бели куќи и мали трговски улички кои водат кон замокот од XV в. Посета на манастирот во Баталја (под заштита на УНЕСКО) - прекрасен споменик на националната архитектура и едно од најголемите готски ремек-дела во Европа. Изграден е во 1388 г. за да ја одбележат заклетвата што ја дал кралот Жуау I на Пресвета Богородица - дека ќе изгради величествен манастир ако ги победи кастилците во битката кај Алжубарота. Поаѓање за Назаре, кој во минатото бил мало рибарско село, а во денешно време е познат не само со риболовот, но и со убавите плажи, прекрасната кујна и уникатните локални народни носии. Посета на Фатима - центар на католичката вера и дестинација за верници од целиот свет. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 8
Лисабон
Појадок. Напуштање на собите (багажот се остава во посебна просторија во хотелот). Слободно време. Трансфер до аеродромот во Лисабон.

ДЕН 9
Поаѓање за Бугарија со лет на авиокомпанијата "Bulgaria Air" во 00:05 ч. Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 2) во 06:00 ч.

Во цената е вклучено:
Авионски билет за директен лет Софија - Лисабон -Софија на авиокомпанијата "Bulgaria Air" со вклучени аеродромски такси
Чекиран багаж до 23 кг и рачен багаж до 8 кг
Трансфер аеродром - хотел - аеродром;
Транспорт по предвидената рута со комфорен туристички автобус;
4 ноќевања во стандардна соба со појадок и вечера со вклучени вино и вода во хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4* (или сличен) во реонот на Лисабон;
3 ноќевања во стандардна соба со појадок и вечера во хотел "Yellow Monte Gordo" 4* (или сличен) во реонот на Алгарве;
Полудневна туристичка програма во Лисабон
Пешачка прошетка во Евора;
Пешачка прошетка во Фару;
Претставник на место на македонски/српски/бугарски за време на целиот престој;
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 EUR = 62 MKD.


Во цената не е вклучено:
Туристичка такса за престој во хотел во реонот на Алгарве: 1 EUR на турист на ден (се плаќа од туристите на рецепцијата на хотелот);
Слушалки за време на разгледите - околу 7 EUR по лице за целиот престој (задолжително се плаќаат на лице место на водичот; деца до 6 години не користат слушалки и не се таксуваат)
Сместување во соба со поглед на океанот во хотелот TRYP Lisboa Caparica Mar 4 * во реонот на Лисабон;
Целодневна екскурзија до Синтра, Кашкаиш, Ешторил и Кабо де Рока;
Целодневна екскурзија до Олјау, Риа Формоса со вклучено крстарење и Тавира;
Целодневна екскурзија до Севилја (Шпанија)
Целодневна екскурзија до Обидуш, Назаре, Фатима и Батаља;
Влезници за објектите за време на дополнителните екскурзии и други музеи, локации и настани кои се посетуваат по желба;
Влезници за: манастирот "Жеронимуш" (10 EUR), комбиниран билет за манастирот и Националниот археолошки музеј (12 EUR); кулата "Белем" (6 EUR) во Лисабон; за палатата "Кинта да Регалеира" (6 EUR + 1 EUR за слушалки) во Синтра; за манастирот "Санта Марија де Виторија" (6 EUR) во Баталја; за Катедралата (9 EUR) и дворецот "Алкасар де Севилја" (9,50 EUR) во Севилја
Јавен превоз, лични трошоци, бакшиш за возачот: 2 EUR по турист на ден - се плаќа на лице место;
За лица над 65 г. автоматски се додава доплата за осигурителна премија

 

СМЕСТУВАЊЕ:

"TRYP Lisboa Caparica Mar" 4* и "Yellow Monte Gordo" 4* (или подобни)

Двокреветна соба со разделени легла - €735 на турист
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет - €735 на турист
Дополнително легло во двокреветна соба - за деца од 3 г. до 6,99 г. - €495 на турист
Дополнително легло во двокреветна соба - за деца од 7 г. до 10,99 г. - €562 на турист
Дополнително трето легло - €706 на турист
Еднокреветна соба - €947 на турист

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ:

Дополнителни услуги:
Доплата за сместување во соба со поглед кон океанот во хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4 * во реонот на Лисабон на турист во двокреветна соба (по потврда) - €32
Доплата за сместување во соба со поглед кон океанот во хотел "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4 * во реонот на Лисабон на турист во еднокреветна соба (по потврда) - €76
Целодневна екскурзија до Синтра, Кашкаиш, Ешторил и Кабо де Рока на бугарски јазик (без вклучени влезници) при минимум 20 пријавени туристи - €45
Целодневна екскурзија до Олјау, Риа Формоса (со вклучено крстарење) и Тавира на бугарски јазик (без вклучени влезници) при минимум 20 пријавени туристи - €45
Целодневна екскурзија до Обидуш, Батаља, Назаре и Фатима на бугарски јазик (без вклучени влезници) при минимум 20 пријавени туристи - €48
Целодневна екскурзија до Севилја (Шпанија) на бугарски јазик (без вклучени влезници) при минимум 20 пријавени туристи
од 11 г. - €60 од 2 г. до 10 г. - €30
Пакет од 3 екскурзии: Синтра, Кашкаиш, Ешторил и Кабо да Рока + Олјау, Риа Формоса (со вклучено крстарење) и Тавира + Обидуш, Батаља, Назаре и Фатима на бугарски јазик (без вклучени влезници) при минимум 20 пријавени туристи - €119
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување ( цена за турист за сместување во двокреветна соба) - €18
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување ( цена за турист за сместување во еднокреветна соба) - €26

 

Корисна информација:
Услови за плаќање: при резервација - 35% од вкупниот износ; доплата до 100% - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Услови за отказ: до 31 ден - 35% од основната цена; од 30 до 1 дена - 100% од вкупната цена.
Цените на дополнителните екскурзии кои се запишани на место се повисоки!
Редоследот на спроведување на екскурзиите е примерен и се дефинира на место.
Организаторот го задржува правото да менува часови или да ги помести екскурзиите за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Авиокомпанијата го задржува правото на промена на часовите на летовите
Екскурзијата се спроведува со минимум 24 туристи.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Медицински и здравствени услови:
Нема медицински и здравствени услови, поврзани со патувањето.
Визно – пасошки режим:
Македонски државјани, кои што патуваат за земјата, е потребно да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегување во земјата.

Прочитано 186 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • Viber & WhatsApp 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Работно време Октомври -Март

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 09.00-13.30

Top