МАЛДИВИ И ШРИ ЛАНКА
 
28.04 - 08.05.2019
 
5 НОЌЕВАЊА ВО МАЛДИВИ / 3 НОЌЕВАЊА ВО ШРИ ЛАНКА | АВИОНСКИ ПРЕВОЗ | ТРАНСФЕР | ПРЕТСТАВНИК | ЕКСКУРЗИИ
 
(5 НОЌИ - FULL BOARD / 3 НОЌИ - ALL INCLUSIVE)
 
Малдиви. Во кристално чистите води на Индискиот Океан лежи низа од бисери наречени Малдивски Острови. Малдивите се наоѓаат јужно од Индија и западно од Шри Ланка. Само околу 200 Малдивски Острови се населени, а 88 од нив се посебни ексклузивни летувалишта. Малдиви немаат долга историја во туризмот, но за само 30 години стигна на врвот на листата луксузни летувалишта. Луѓето на Малдиви се многу мирољубиви и гостопримливи. Оваа мала нација брои околу 300.000 луѓе, а 70.000 живеат во главниот град Мале кој е мешавина на традиционална и модерна култура: старите генерации се држат до својот начин на живот, а младите се прилагодуваат на западните трендови. Мале е мал и густо населен остров, долг 2 километри и широк 1 km. Односот кон жените е полиберален отколку во повеќето муслимански земји. Интересно е дека стапката на развод на Малдивите е една од највисоките во светот околу 80%. Не се чудете ако запознаете 25 - годишник кој е женет веќе неколку пати. Оваа група од околу 1190 корални острови е исто така омилена дестинација на нуркачите поради неверојатните гребени, богатства на морскиот свет и подводни убавини. Видливоста досегнува и до 50 метри. Малдивите се исто така и омилена дестинација за брачно патување, но ако сонувате за места со целовечерна забава, како Ибица, тогаш заобиколете ги. Иако климата е секогаш гостопримлива, најдобро време за посета е од Декември до Мај кога е и најголемата гужва.
 
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ
 
Клима
Тропската клима значи висока просечна температура од 29 - 32 степени и голема влажност;
Гастрономија
Сите летувалишта нудат широк избор на јадења и пијалоци кои ќе ги задоволат и најизбирливите. Малдивските брзи закуски кои се сервираат со чај или кафе се популарни меѓу туристите, како и јадењата на скара;
Што е забрането да се внесува на Малдиви?
Наркотици, религиозни материјали (дозволени се само лични предмети како Библија), порнографски материјал, оружје, стрелива, алкохол, свински производи, кучиња и опасни животни. Мора да имате лекарски рецепт за лековите кои ги поседувате.
Шри Ланка. Шри Ланка е земја која со својата мистичност и егзотичност заведува и мами светски патници веќе векови наназад. Марко Поло ја опишал како најфиниот остров кој го прави светот голем и фансцинантен во споредба со индиските, арапските и европските традиции. Многу од авантуристите ги привлекле ретките врсти на драги камења и величествени слонови. Шри Ланка се наоѓа во близина на Екваторот, во прекрасните води на Индискиот океан. Островот важи за место познато по легендарни природни убавини и магија што ги мами туристите повторно да се вратат назад. Романтичен и интересен, земја во облик на бисер, името го добила од раните арапски трговци и се нарекувала Шерендиб, што значи мир! 
 
ПРОГРАМА 
 
1 ден (28.04.2019 - Недела) Скопје - Малдиви
 
Сотанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 10:45 часот (минимум 2 часа пред лет). Полетување кон Доха во 12:45 часот. Слетување во Доха 18:40 часот локално време. Полетување кон Мале, Малдиви во 02:00 часот после полноќ. 
 
2 ден (29.04.2019 - Понеделник)  Малдиви
 
Слетување во Мале во 09:00 часот локално време. Пречек на аеродромот од страна на локален партнер и трансфер со брз брод до хотел. Сместување во хотел Fun Island Resort (или сличен) со услуга полн пансион (Full board). Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера во хотел. Ноќевање. 
 
3 ден (30.04.2019 - Вторник) Малдиви
 
Појадок во хотел. Слободен ден за релаксација на деликатните песочни плажи на како што некој милуваат да кажат, рајот на земјата. Уживајте на белиот песок со коктел во рака, пливајте со делфини, нуркајте со безброј видови на животински свет во неверојатно кристалните води и голем избор на различни содржини кои ресортот може да ги понуди. Во консултација со нашите локални партнери, појдете во авантура од изборот на факултативни ексурзии кои ќе Ви бидат понудени (со доплата). Вечера. Ноќевање. 
 
4 ден (01.05.2019 - Среда) Малдиви
 
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или предлог факултативна екскурзија од страна на локалниот партнер. Вечера. Ноќевање. 
 
5 ден (02.05.2019 - Четврток) Малдиви
 
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или предлог факултативна екскурзија од страна на локалниот партнер. Вечера. Ноќевање. 
 
6 ден (03.05.2019 - Петок) Малдиви
 
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или предлог факултативна екскурзија од страна на локалниот партнер. Вечера. Ноќевање. 
 
7 ден (04.05.2019 - Сабота) Малдиви - Шри Ланка
 
Појадок во хотел. Рано напуштање на собите и трансфер со брз брод до аеродромот во Мале. Полетување кон Коломбо, Шри Ланка во 09:25 часот локално време. Слетување во Коломбо 11:20 часот локално време. Пречек од страна на локален партнер и трансфер до хотел. Сместување во хотел Mermaid Hotel & Club (или сличен) со услуга се вклучено (All inclusive). Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера во хотел. Ноќевање.
 
8 ден (05.05.2019 - Недела) Шри Ланка - екскурзија “Galle Day and Balapitiya river” (вклучена во цената)
 
Појадок во хотел. По појадокот заминување на факултативна екскурзија со локален водич на англиски јазик и организиран трансфер до градот Балапитија (Balapitiya). Следува крстарење со моторен чамец вдолж реката Маду (Madhu river), каде ќе имате можност да го почуствувате руралниот живот на локалното население, посетите храмови постари од 200 години и директно да се вклучите во процесот на одгледување на најегзотичната арома во светот - циметот. Оттаму продолжуваме кон градот Галe (Galle), попатно застанувајќи во градот на маските Амбалангода (Аmbalangoda). Овде ќе имате можност да го видите начинот на производството на познатите маски од островот. Продолжуваме кон Гале (Galle) и панорамски разглед на градот со тврдината. За овој град луѓето милуваат да кажат дека е парче од Европа лоцирано на островот Шри Ланка. Пауза за ручек во ресторан (вклучен во цената). Кратка прошетка низ тврдината и враќање назад кон хотелот. Попатно посета на фабриката за камења Митијагода (Meetiyagoda) и дружба во Косгода (Kosgoda) со едни од најстарите жители на островот - желките. Враќање во хотел. Вечера во хотел. Ноќевање. 
 
9 ден (06.05.2019 - Понеделник) Шри Ланка - “Pinnawaladaytour” (вклучена во цената)
 
Појадок во хотел. По појадокот следува организиран трансфер со локален водич до селото Пинавала (Pinnawala) и домот на слоновите, каде ќе имате можност да ги видите овие грандиозни животни и да ги храните и капете најмалите слончиња. Следува пауза за ручек во локален ресторан во селото (вклучено во цената). Организиран трансфер назад кон хотелот со попатна посета на градина со зачини - култура позната за овој дел од светот. Вечера во хотел. Ноќевање. 
 
10 ден (07.05.2019 - Вторник) Коломбо - Скопје
 
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности до времето за организиран трансфер до аеродром. Полетување кон Доха во 20:55 часот локално време. Слетување во Доха во 23:35 часот локално време.
 
11 ден (08.05.2019 - Среда) Скопје
 
Полетување од Доха кон Скопје во 06:55 часот. Слетување во Скопје во 11:55 часот.

ЦЕНИ И АРАНЖМАН:

Пакет аранжман Малдиви+Шри Ланка

Хотели

Тип на соба

Тип на услуга

Промотивна цена по лице до 01.11.2018

Редовна цена по лице

Fun Island Resort 3* Maldives
Mermaid Hotel & Club 3* Sri Lanka (или слични)

Double room

Full Board/All Inclusive


1560€


1799€

 
Во цената на аранжманот е вклучено:
 
Авионски билет на релација Скопје - Доха - Малдиви - Шри Ланка - Доха - Скопје со Qatar Airways;
Вклучен чекиран багаж до 30 kg по лице (20 kg на внатрешните летови);
Трансфер на релација аеродром - хотел - аеродром на Малдиви;
Трансфер на релација аеродром - хотел - аеродром на Шри Ланка;
5 ноќевања со услуга полн пансион на Малдиви во хотел Fun Island Resort 3* или сличен;
3 ноќевања со услуга се вклучено на Шри Ланка во хотел Mermaid Hotel & Club 3* или сличен;
Екскурзија до градот Галe (Galle) со вклучен ручек;
Екскурзија до селото Пинавала (Pinnawala) со вклучен ручек;
Претставник од локалните партнери на Малдиви и Шри Ланка;
Наш претставник во текот на целото патување (доколку групата се состои од минимум 14 патници);
 
Цената на аранжманот не вклучува:
 
Ародромски такси во износ од 298 евра;
Излезна виза од Малдиви која изнесува околу 20 американски долари (се плаќа директно);
Храна, пијалоци и услуги кои не се напоменати во програмата;
Меѓународно патничко осигурување - задолжително (информации во агенција);
Бакшиши за локални водичи и возачи; 
 
Рокови за отказ на аранжманот и пенали:
 
Над 60 дена пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;
Помеѓу 60 - тиот и 20 - тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.
 
Напомена:
 
Патниците мора да поседуваат пасош кој е валиден повеќе од 6 месеци од терминот на патување;
Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авиопревозникот, агенцијата има право да ја промени цената на аранжманот;
За резервација е потребна уплата на 50% депозит кој е неповратен во случај на отказ на аранжманот од страна на корисникот на услугата;
Минималниот број на патници според кој е пресметана цената на аранжманот изнесува 16.  Доколку не се исполни бројката на патници, цената на аранжманот нема да биде променета, но екскурзиите нема да бидат вклучени во истата;
Доколку има пријавено повеке од 14 патници следува придружник за време на целото патување.
Сите факултативни екскурзии се придружувани од локален водич на англиски јазик и превод на македонски од страна на наш претставник (доколку вкупната бројка на групата надминува 14 патници). 
Цената е изразена во евра и е пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари

Прочитано 381 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top