Тајланд, службено кралство Тајланд е држава во Југоисточна Азија, која до 1939 година се викала кралство Сијам. На југ излегува на Тајландскиот залив, дел од Јужно кинеско море. На запад се граничи со Мијанмар, на север до Лаос, на исток со Камбоџа и на југ со Малезија. Најголем број од населението се будисти.
Тајланд е единствена држава од тој регион која никогаш не била окупирана од страна на европските држави. Главен и најголем град е Бангкок.Во Тајланд превладува тропска монсунска клима. Април и мај се најтопли месеци во годината. Најпријатна клима е од ноември до фебруари кога и влажноста на воздухот е најмала. Најдобро време за престој е во периодот од ноември до март поради малите количини на врнежи на дожд и пониски температури.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден СКОПЈЕ
Полетување од Скопје кон Доха 12:45 часот, пристигнување во 18:40 часот. Полетување од Доха за Бангкок во 20:05 часот.
2 -3 ден БАНГКОК
Пристигнување во Бангкок во 07:05 часот.
Прошетка по најубавите будистички храмови и палати на овој град (помеѓу останатите и Wat Po најголемиот храм во Бангкок со прочуената златна статуа на Буда), возење со небесниот воз (sky train), крстарење по Chao Phraya и уживање во специјалитеите на тајландската кујна. Се разбира неизбежна е и една од најпознатите традиционални масажи Thai масажа. Навечер се запознаваме со возбудливиот ноќен живот кој го нуди оваа метропола.
4 -10 ден ПУКЕТ
Внатрешен лет од Бангкок до најубавиот остров Пукет. Сместување и бескрајно уживање на преубавите, тропски песочни плажи. Можност да се посетат околните острови, познатиот Phi Phi, островот на Џејмс Бонд.
11 ден ПУКЕТ -СКОПЈЕ
Лет од Пукет кон Доха во 20:40 часот,пристигнување во Доха во 23:50 часот. Полетување од Доха кон Скопје во 06:55 часот, пристигнување во Скопје 11: 15 часот.

Tajland 08 2018


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски билет Скопје -Доха- Банкок
- Авионски билет Бангкок - Пукет
- Аеродромски такси
- Сместување во соодветниот хотел според табелата во Бангкок, 2 ноќевања со појадок
- Сместување во соодветниот хотел според табелата во Пукет, 7 ноќевања со појадок

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Трансфери од аеродром до соодветниот хотел
- Влезна виза за Тајланд 110 €
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)

НАПОМЕНИ:
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Цената е дадена за миниум 2 лица

Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста по хотелите.
Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите.

Прочитано 1801 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top