fbpx

 

Софија – Тел Авив – Јафа – Ерусалим – Витлеем – – Мртво Море – Тел Авив – Софија

Топ цена: 509 EUR


Ден 1
Софија - Тел Авив - Јафа - Ерусалим

Поаѓање во 6.50 часот од аеродромот во Софија за Тел Авив. Пристигнување во Тел Авив во 09.20 часот. Пречек од претставник на агенцијата партнер. Панорамски разглед на Тел Авив - економскиот и финансиски центар на Израел: Рамат Ган – кварт на богатите; Белиот град - позната населба во Тел Авив и дел од светското културно наследство на УНЕСКО со десетки градби во стил Баухаус, комбинирање на различни струи во модерната архитектура; плоштад "Дизенгоф" - срцето на градот; плоштад "Јицак Рабин" - местото на убиството на експремиерот на Израел. Пешачка тура во стариот град Јафа, познат по своето античко пристаниште. Прошетка низ тесните улици на градот, во комбинација со уметничка атмосфера на современа Јафа. Панорамски поглед од Јафа кон Тел Авив и Неве-Цедек - првиот кварт на Тел Авив, изграден во 1887 година. Заминување за Ерусалим. Сместување во Ерусалим / Витлеем. Вечера. Ноќевање.


Ден 2
Ерусалим - Витлеем

Појадок. Поаѓање за Ерусалим. Панорамски разглед на Ерусалим: Елеонската Гора, со панорамски поглед на стариот дел на градот и златната купола на Ридот на храмовите; руската црква "Марија Магдалена"; Гетсиманската градина со Црквата на сите нации; црквата со гробот на Богородица во долината Кедрон; брдото Сион, кое има симболично значење за преродбата и независноста на Евреите. Пешачка тура во стариот град на Ерусалим: гробот на цар Давид; собата на Тајната вечера; Ерменскиот кварт со катедралата "Св. Јаков "- најголемиот и свет храм за сите ерменци во Израел; Римското Кардo(улица); Еврејскиот кварт со синагогата "Хурва" и Ѕидот на плачот, останата од Вториот храм, кој бил најсветото место за сите Евреи; прошетка по "Виа Долороса" - улицата по која Исус го носел својот крст кон Голгота; Муслиманскиот кварт - стариот пазар; Христијанскиот кварт со Лутеранската протестантска црква; Грчката патријаршија. Посета на црквата "Гроб Господов" - посета на Божји гроб и Голгота. Добивање на сертификат за аџилак. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.


Ден 3
Витлеем - - - Мртво Море - Тел Авив

Појадок. Организирана посета на црквата "Рождество Христово" во Витлеем со разгледување на јаслите во кои бил роден Исус. Поаѓање кон Мртво море преку Јудејската пустина. Продолжуваме со посета на тврдината "Масада" – најспектакуларната тврдина во Израел, која раскажува приказни за упорност и сила, вера и достоинство, амбиции и трагичен крај. Масада се наоѓа на врвот од изолирано карпесто плато во Јудејската пустина, избрана од цар Ирод локација за изградба на својот дворец. Нејзината фасцинантна историја ни го открива величествениот царски период и еврејскиот отпор против римското владеење. Искачување со жичарница до влезот на објектот и прошетка низ урнатините на салите во дворецот со неверојатен поглед кон Мртво море и Јордан. Разгледување на термите, синагогата, римскиот камп и римската патека. Можност за фотопауза кон единствената отворена сцена за оперски претстави во Израел. Заминување кон брегот на Мртво море кое се наоѓа на повеќе од 400 метри под морското ниво, познато по своите лековити својства. Слободно време за капење во Мртво море(ако времето го дозволува). Поаѓање за Тел Авив. Сместување во Тел Авив / Бат Јам / Нетанија. Вечера. Ноќевање.


Ден 4
Тел Авив - Софија

Појадок (рано наутро или ланч пакет). Трансфер до аеродромот "Бен Гурион". Поаѓање во 10.10 часот за Софија со лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 1) во 13.00 часот.

ТЕРМИНИ

20.09.2019 ограничени места €529.00

08.11.2019  Цена €569.00

15.11.2019Цена  €509.00

06.12.2019  €509.00


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски билет Софија - Тел Авив - Софија на авиокомпанијата "Wizz air" со вклучени аеродромски такси
1 рачен багаж до 10 кг (со димензии 40/30/20 см)
Чекиран багаж до 10 кг (само за дата на поаѓање 20.09.2019 г.)
Пречек на аеродромот "Бен Гурион"
Транспорт според предвидената маршрута
2 ноќевања со појадок и вечера во хотел "Nativity" 3* / "Paradise" 3* или сличен во реонот на Витлеем / Ерусалим
1 ноќевање со појадок и вечера во хотел "Sea Park" 3* / "Residence" 3* или сличен во реонот на Тел Авив / Бат Јам / Нетанија
Влезници за тврдината "Масада" (влезници и жичара)
Водич на македонски/српски/бугарски јазик
Слушалки за време на пешачки разгледи со локален туристички водич
Сертификат за аџилак.
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Чекиран багаж до 20 кг или 32 кг
Ручеци и пијалоци
Влезници за други музеи, локалитети и настани кои се посетуваат по желба
Бакшиш за водич и возач (4-6 USD на ден по лице - со доплата задолжително на лице место)
Трошоци од личен карактер
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија

СМЕСТУВАЊЕ

Наведените цени се на турист за соодветното сместување.

20.09.2019 г.

Двокреветна соба со брачен кревет €529
Двокреветна соба со разделени легла €529
Дополнително трето легло €529
Еднокреветна соба €674

08.11.2019 г.

Двокреветна соба со брачен кревет €569
Двокреветна соба со разделени легла €569
Дополнително трето легло €569
Еднокреветна соба €714

15.11.2019 г.

Двокреветна соба со брачен кревет €509
Двокреветна соба со разделени легла €509
Дополнително трето легло €509
Еднокреветна соба €654

06.12.2019 г.

Двокреветна соба со брачен кревет €509
Двокреветна соба со разделени легла €509
Дополнително трето легло €509
Еднокреветна соба €654


ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ

Промена на чекиран багаж со до 20 кг (во двата правци) на турист €93.00
Промена на чекиран багаж со до 32 кг (во двата правци) на турист €120.00
Специјална услуга: Ноќевање во хотел "Хемус" *** пред заминување (цена на турист при сместување во двокреветна соба) €18.00
Специјална услуга: Ноќевање во хотел "Хемус" *** пред заминување (цена на турист при сместување во еднокреветна соба) €26.00

Патувањето се спроведува при минимум 30 запишани туристи.

Прочитано 1558 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top