fbpx

Амстердам во Mарт

14.03.2020 - 17.03.2020

ПРОГРАМА

1 ден -14.03.2019 (сабота): СКОПЈЕ - АЈНДХОВЕН - АМСТЕРДАМ

Состанок на групата во 03:45 часот на аеродромот во Скопје. Полетување во 05:45 и слетување во 08:40 на аеродромот во Ајндховен. Пречек од страна на локален водич и организиран превоз до Амстердам. Пристигнување во Амстердам каде што ќе следи организиран разглед на градот со локален водич. Стартувајќи од главниот плоштад на Амстердам - Дам, прошетката ги вклучува Red Light District, Новата како и Старата црква на Амстердам изградена уште во 12 век, Кинескиот кварт и неговата важност при легализација на лесни дроги, Новиот маркет и “танцувачките” куќи. Прошетката продолжува низ каналите на Амстердам поминувајќи ја зградата на првата берза и мултинационалана компанија во светот - East India Company, внатрешните дворци на Универзитот на Амстердам и Поранешната колонија на жените (The Begijnhof) како и краток премин преку Музејот на Амстердам назад кон Дам плоштадот. Следува сместување во хотел и и одмор. Во вечерните часови можност за крстарење по надалеку познатите Амстердамски канали. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден - 15.03.2019 (недела): АМСТЕРДАМ - ХАГ - ДЕЛФТ - РОТЕРДАМ

Појадок во хотел. Состанок на групата во хотелкото лоби во 08:00 часот и тргнување кон Ротердам на Голема Холандска тура. Пристигнување во центарот на Хаг во 09:30 и кратка прошетка со водич низ главните улици, плоштади и Парламентот. Слободно време за појадок и шопинг до 12:00 часот. Транспорт до гратчето Делфт, де-факто главен град на Холандија во 15 и 16 век и родно место на големиот уметник Вермер. Покрај тоа Делфт е познат по своите шармантни канали, плоштади исполнети со мали кафе барови и ресторани. Во Делфт се наоѓа и фабриката - музеј каде се изработува DelftBlue порцеланот и Техничкиот Универзитет каде над 20.000 студенти, истражувачи и професори секојдневно работат на проекти кои ќе ни овозможат подобра иднина. Прошетка низ градот со водич и слободно време за ручек до 15:00 часот. Трансфер и пристигнување во Ротердам до 16:00 часот. Ротердам е вистински уникат во Холандија, препознатлив по својата футуристичка архитектура и интересни јавни простори. Кратка пешачка тура со локалниот водичот во центарот на градот, мулти функционалниот MarktHall - место каде може да се вкуси храна од целиот свет, се’ до старото пристаниште и Еразмус мостот. Трансфер до Амстердам. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден- 16.03.2019 (понеделник): АМСТЕРДАМ – ЗААНСЕ ШАНСЕ – ВОЛЕНДАМ

Појадок во хотел. Состанок на групата во хотелкото лоби во и се упатуваме до селото на ветерниците - Заансе Шанс на Мала Холандска тура. Заансе Шанс е населба во холандскиот град Заандам, во близина на Амстердам. Историските ветерници и карактеристични зелени дрвени куќи се преместени тука за да го отсликаат изгледот на холандските села од 18-19 век. Музејот Заанс има регионални носии, моделски ветерници и интерактивни експонати за изработка на чоколадо. Занаетчиските работилници демонстрираат ретки ракотворби, како што се резба од дрво, производство на карактеристичните холандски кломпи како и дрвени буриња и калапи од калај....Слободно време за кафе и ручек...Продолжуваме кон Волендам ...Волендам е холандски град на езерото Маркермер, североисточно од Амстердам. Познато е по неговите шарени дрвени куќи и старите рибарски бродови во пристаништето, кое е преполно со продавачи на морска храна. Музејот Волендам има слики, скулптури и грнчарија од 1800 години се до денес, галерија на традиционални носии и мозаици изработени од милиони пури. Музејот на Палингсаунд ја прикажува локалната музичка сцена. Во договорено време враќање назад во хотел. Слободно време. Ноќевање.

4 ден – 17.03.2019 (вторник): АМСТЕРДАМ -АЈНДХОВЕН - СКОПЈЕ

Појадок или ланч пакет. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Пристигнување на аеродромот, пријавување, пасошки и царински формалности. Полетување во 09:25 часот. Слетување во 12:05 часот на аеродромот во Скопје.

ПРОМОТИВНА ЦЕНA ПО ЛИЦЕ: 319 € (19.778 мкд)

ЦЕНA ПО ЛИЦЕ ШТО НЕ КОРИСТИ ФАКУЛТАТИВИ : 369 € (22.878 мкд)

Oграничен број на места !!!

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

Директен лет на релација Скопје - Анјдховен - Скопје со авиокомпанија Wizz Air;
Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20cm;
Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;
Сместување во хотел со 3* или 4* - 3 ноќевања со појадок - во Амстердам или околина;
Организиран разглед со локален водич;
Локален преставник/водич на агенцијата во Амстердам, во текот на престојот на македонски јазик;
Организација на аранжманот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

Аеродромски такси – 3.720 мкд (60€).
Туристичка такса 3 € на ден – уплата во агенција;
Доплата за 20 кг. багаж (куфер) – информации во агенција;
Билети за јавен превоз;
Влезници во музеи и други јавни објекти;
Патничко осигурување.

ФАКУЛТАТИВИ :

АМСТЕРДАМ - ХАГ - ДЕЛФТ – РОТЕРДАМ – трансфер, локален водич – 70 €
АМСТЕРДАМ – ЗААНСЕ ШАНСЕ – ВОЛЕНДАМ – трансфер, локален водич – 50 €
Крстарење по каналите во Амстердам –15 €
Организиран ручек во ресторан – цена дополнително
Организирана вечера во Пивница – цена дополнително
Напомена :

За реализација на факултативните екскурзии потребно минимум 20 пријавени патници.

ОПШТИ НАПОМЕНИ :

Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот.
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот.
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника.
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот.
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици.
Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ

Прочитано 2817 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 14.00

Top