fbpx

8МИ МАРТ ВО БУДИМПЕШТА и БРАТИСЛАВА

05.03 – 09.03.2020

5 дена / 2 ноќевања

1 ден (05.03.2020 - четврток) - СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок со групата во Скопјe. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (06.03.2020- петок) – БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта крстарење со брод по Дунав (факултативно). Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден ( 07.03.2020 – сабота)- БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА

Појадок. По појадокот одиме на факултативна посета на Братислава. Разглед на градот : средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки.Посета на познатиот трговски центар EUROVEA. Во договорено време враќање во Будимпешта. Вечерта, предлагаме посета на традиционален ресторан - чардаш (богато мени, со цигански фолклорни игри, каде се вклучуваат и самите гости и многу забава, што вреди да се доживее и ќе Ви го доближи унгарскиот живот). Ноќевање.

4 ден (08.03.2020 – недела) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и се упатуваме на прошетка до живописното гратче Сент Андреа (факултативно), во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање назад во Будимпешта.За љубителите на животинскиот свет можност за посета на Тропикариумhttp://www.tropicarium.hu. Слободно време за индивидуални активности. По договор со представникот, поаѓање за Скопје.Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден (09.03.2020– понеделник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА за првита 15 места– 105 € (6.510ден.)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 115 € (7.130 ден.)

*Можност за плаќање на рати без каматаили кредит преку шедеилница ФУЛМ!!!

Во цената на аранжманотe вклучено :

Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,
Сместување во хотел Жугло 3*(или сличен на наведениот) во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок,
Професионален туристички придружник од агенцијата,
Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Разглед на Будимпешта со локален водич 10 евра
Крстарење со брод по Дунав 15 евра
Посета на Братислава и трговски Еуровеа 30 евра (минимум 30 патници)
Посета на Сент Андреа 10 евра
Посета на Тропикариум 10 евра
Влезници за музеите и културно-историските споменици
Задолжително патничко-здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба
Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот5 дена преддатумот на започнување на истиот
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ

Прочитано 2071 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 14.00

Top