fbpx

АВИОН 4 дена / 3 ноќевања

КИПАР е островска држава во Средоземното море, а такму влијанитео на средоземната медитеранска клима и неговата местоположба се причина да на Кипар доминираат сончеви денови преку целата година. Територијално островот е поделен помеѓу Турција – Северен Кипар и Грција – Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Главниот град Никозија или Лефкозија и најголем град на островот е единственот во светот кој припаѓа на двете држави... Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел.

Ларнака, големотото шеталиште со палми и соленото езеро со фламингоси се дел од причините да се биде тука... Лимасол, модерен, богат, град кој поради многу нешта претендира да стане економски центар на Кипар...Никозија, антички наречена Ледра, градот кој покрај тоа што припаѓа на две држави, исто така има и две временски зони... интересно е да се биде во град каде што со пасош ќе преминете улица...

15 март СКОПЈЕ – ЛАРНАКА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување за Ларнака во 06:00 ч. Слетувањето е во 09:20 часот. Организиран трансфер до хотелот. Разглед на градот: прошетка низ најпознатата улица со палами “Finikoudes” во строгиот центар на градот, покрај која се наоѓа и прекрасната песочна плажа, Тврдината изградена за одбрана од пиратите, во определен период користена како затвор, а денес е музеј...посета на црквата Св.Лазар во стариот автентичен дел на градот во која се наоѓаат моштите на светецот. Слободно време за прошетка низ Ларнака. Ноќевање.

16 март ЛИМАСОЛ

Појадок. Предлагаме факулатитвна посета и разглед на вториот по големина град, Лимасол. Уште наречен и ,,Кипарска ривиера” поради пријатната клима и развиената туристичка инфраструктура. Тука се најлускузни хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови... На местото на старото пристаниште се протега шеталиштето, во срцето на градот е Средновековниот дворец, каде што англискиот крал Ричард се оженил со Беренгарија, каде и крунисана за кралица на Англија, пазарот и пристаништето со луксузни јахти... Слободно време. Враќање во Ларнака. Ноќевање.

17 март НИКОЗИЈА

Појадок. Факултативна посета на Никозија. Главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Разглед: се посетува Северниот дел на градот, кој се наоѓа во Р.Турција, некогашната црква Аја Софија која е претворена во џамија по име Селими Џамија, посета на делот од градот полн со автентични продавнички, ресторани, пазари, Бујук Хан – затворениот пазар, изграден во 1572 год кој е сеуште одлично сочуван и е главна туристичка атракција. Прошетка по Ледра, денес името на напопуларната трговска улица во Никозија. Прошетка и слободно време за ручек и индивидални активности. Враќање во Ларнака. Ноќевање.

18 март ЛАРНАКА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување и трансфер до аеродром 07:00 часот. Полетување за Скопје во 10:00 часот. Слетување во 11:20 часот.

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА до 15.Јануари.2020: 199 евра 12.340 денари

Редовна цена на аранжманот: 249 евра ( 15.440 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
Сместување во хотел 3* на база ноќевање со појадок
Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

Аеродромски такси по лице – 3.300 денари (задолжителна доплата во агенција)
Доплата за кабински багаж до 10кг (50 x 40 x 23 cm)– 1.600 денари
чекиран багаж - куфер до 10kg - 2.200 мкд
куфер до 20kg - 2.900 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
Факултативна посета на Никозија– 35 евра
Факултативна посета на градот Лимасол - 25 евра
Патничко осигурување задолжително.

НАПОМЕНА:

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници за факултативните излети да ја измени цената или да ги откаже истите во целост , како и промена на редоследот на истите во случај на објективни нрепредвидени причини.

ПАСОШИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ (90 ДЕНА) ОД ДЕНОТ НА ЗАВРШУВАЊЕ НА ПАТУВАЊЕТО!

Прочитано 3906 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 14.00

Top