ВИЕНА 07-ми Декември

  • Понудата е објавена на 12/01/2017

КРАЛСКА ВИЕНА
АВИОН / 3 дена / 2 ноќевања
07 Декември (Петок) СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата на аеродромот Скопје во 11.15 часот. Полетување за Братислава во 13.05 часот со лет на Визер. Слетување на аеродромот во Братислава во 14.40 часот. По завршување на царинските формалности, трансфер до Виенна, со попатна посета на шопинг центар Парндорф. Пристигнување во Виена во вечерните часови и сместување во хотел. Ноќевање.

08 Декември (Сабота) ВИЕНА
Појадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Панорамски разглед на градот: од Шведен плац до Дворецот Белведере (фото стоп), пролжуваме по Рингштрасе – Парламентот, Универзитетот, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, од Палатата Хофбург разгледот продолжува пеш до Црквата св.Петар, Катедралата Вотиф и Катедралата Св.Стефан ... Слободно попладне да се вкусат специјалитети на виенската кујна. Ноќевање.

09 Декември (Недела) ВИЕНА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно неделно предпладне за виенско кафе и торта, уживање во атмосферата на кралската и елегантна Виена. Трансфер. Полетување од Братислава со лет на Визер во 15.35 часот. Слетување во Скопје во 17.05 часот.



Цена во претпродажба до 15.11.2018: 12.340 денари (199 евра)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 15.440 денари (249 евра)



ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авиобилет на релација Скопје – Братислава – Скопје со Визер
- Кабински багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 55х40х23см)
- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
- Сместување во Моцарт 3 * http://www.hotelmozart-vienna.at/en/ во Виена на база 2 ноќевања со појадок
- Организиран разглед на Виена
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси 2.990 мкд
- Влезници во музеите и културно – историските споменици
- Доплата за чекиран багаж - куфер до 20kg 2.200 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
- Посета на Шенбрун со вклучена влезница и локален водич 40 евра
- Посета на Белведере со вклучена влезница и локален водич 40 евра
- Задолжително патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
- За факултативните излети се изјаснувате во агенцијата при уплата на аранжманот, како би можеле истите навремено да се резервираат и организираат.
- Факултативните излети се уплатуваат во агенција или првиот ден од патувањето, доколку се изјасните за посета, истата не може да се откже на лице место.
- За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.
- Цената на аражманот се во агенција, исклучиво во денари, по курс 1€ = 62,00мкд.
- При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени:
- Организаторот го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја промени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, музеи, нституции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на програмата, во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top