Хотел “Radika“ е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк "Маврово", Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје. Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.
ЦЕНОВНИК
Валиден во периодот до 01 Јуни 2021
Напомена:
Цените се дадени по лице по ноќ со вклучен појадок
Деца до 4 години со двајца возрасни – бесплатно
Деца од 4 до 12 години со двајца возрасни – 930мкд по дете по ноќ
Трето возрасно лице – 1550мкд по лице по ноќ
Доплата за ручек 620мкд по лице / вечера 620мкд по лице
Цената вклучува:
Туристичка такса
СПА & Фитнес центар: Надворешен базен, внатрешен базен, џакузи, сауна, парна бања.
Sport bar: 500 спортски канали, пикадо, билјард, пинг-понг
Спортски терени
Внатрешни и надворешни детски игротеки
Паркинг
Интернет конекција