fbpx
Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.
 
Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во два објекта за престој, кои се состојат од апартмани и соби  со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра. Исто така, располага со рецепција, лоби  и сопствена продавница за: млечни и месни производи, слатко, мед, шумски плодови, вино, тестенини,  чај и друго. Сите соби располагаат со сопствен тоалет. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура.
 
Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци.
 
За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовна опрема. Комплексот располага, со сопствени коњи и организираме тури за јавање за почетници.
 
korab trnica 1 
 
Цената вклучува:
 
1 ноќевања со појадок по соба (во двокреветна соба, цената е за двајца возрасни, итн) ;
Дете до 07.99 години – Бесплатно;
Користење на клима уред;
Интернет;
Паркинг
Доплати:
 
Едно дете од 8 до 11.99 години во соба 50% попуст
Доплата за полупансион – 450 ден. по лице од ден
Прочитано 999 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • Viber & WhatsApp 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 

Top