fbpx

Wonder Супер Распуст е летен камп од едукативен карактер наменет за деца на возраст од 8 – 14 години. Летната програма на Вондер Камп им помага на децата да станат одговорни, независни, самоуверени и мотивирани за понатамошни успеси во училиштето и животот. На кампот учиме преку 4К – алатки кои влијаат на карактерот на децата: Комуникација, Кооперација, Критично размислување и Креативност.

Активности на кампот:

Креативни работилници
Тимски игри (кошарка, одбојка, фудбал, ракомет)
Забавни активности (кино, квизови, караоке и вечерни забавни активности)
Тимски и индивидуални натпревари
Ретро игри од детството (народна, Граница, Криенка, Грабни стапче и др.)
Пливање
Игри без граници и водени лудории


Датум на кампот:
25.06 - 30.06
30.06 - 05.07
05.07 - 10.07

Локација на кампот:
Охрид, Македонија

Сместување:
Сместувањето е во Хотел Десарет во 3 и 4 креветни соби со сопствено купатило.

Цена:
15.690 ден

Туристичка такса:
Вклучена во цената

Последен рок за аплицирање:
до пополнување на места

Учесниците на кампот ќе бидат сместени во хотел Десарет 4* со три оброка на ден. Сместувањето е во 3 и 4 креветни соби со сопствено купатило. Хотелот нуди одлична логистика, и уредени плажи, спортски игралишта за рекреација и спортување. За групи, клубови, тимови со повеќе од 20 учесници ќе бидат обезбедени двокреветни соби за тренерите и инструкторите.

Цената вклучува:

5 ноќевања во Хотел Десарет - Охрид,
3 оброци (Појадок, ручек, вечера)
Превоз Скопје - Охрид - Скопје,
24h надзор на децата,
Уникатна програма со спортски, забавни и едукативни активности


Цената НЕ вклучува:
Факултативна едукативна екскурзија на брод до Св.Наум со лиценциран водич - 600 ден.


Прочитано 59 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top