fbpx

Вила Грамози – Саранда

  • Понудата е објавена на 01/04/2024

Саранда е одморалиште на албанската ривиера, во јужна Албанија. Сместенa на Јонското море и ридови со маслинови градини, градот се наоѓа во залив со плажи и шеталиште. Во центарот се наоѓаат археолошките остатоци од синагогата од 5 век, подоцна ранохристијанска базилика. Сè уште се видливи сложени подни мозаици. Замокот Лекурести од 16 век е на еден рид над градот. Саранда е медитеранска дестинација, со пет месеци топло време и избор на плажи слични на соништата распослани по нејзиниот брег. Типична сцена околу Саранда е залив со камчиња, тиркизни води, варовнички ридови и пејсажи полни со маслинови дрвја.
Саранда е место кое нуди многубројни плажи каде што повеќето од нив се наоѓаат во центарот на градот, кои што се совршени за пливање, сончање и уживање во самите глетки со кои располага самото место.
Во Саранда исто така има и шеталиште кое што е одлично за прошетка или трчање, и постојат многубројни ресторани и кафулиња на самото шеталиште каде што може да се застане во секое време на некој пијалок, ужинка или на ручек.
Саранда е еден од најпопуларните туристички градови во Албанската ривиера, кој што кај народот е познат и како совршено бегство за одмор и релаксирање.

Вила Грамози – А кат се наоѓа во самиот центар на Саранда. Синагогата во Саранда и замокот Lëkurësit се локални знаменитости, а некои од активностите во областа може да се доживеат во пристаништето Саранда и терминалот за фериботи Саранда. Вилата располага со 9 апартмани со различна големина и поставеност, комплено опремени со сите погодности за туристите. Повеќето апартмани се опремени со сопствена кујна, тоалет, ТВ, клима уред (вклучен во цена) како и опремени тераси. Вилата располага и со мал двор како и одреден број на паркинг места (без можност за резервација). Најголемата погодност на ова сместување е, покрај вкусно уредениот ентериер, местоположбата на објектот, кој е на само 100 м од градската плажа, градското шеталиште, продавници, ресторани и останати погодности. Вилата е прав избор за оние кој сакаат одмор со содржина во центар на туристичко место.

Попусти за рана уплата :
-15% до 30/04/2024

Термин/Услуга 1/2 соба 1/3 соба 1/3 студио 1/4 студио
01.06.-08.06.2024 149 169 189 209
08.06.-15.06.2024 179 199 229 249
15.06.-22.06.2024 229 249 269 289
22.06.-29.06.2024 269 289 309 329
29.06.-06.07.2024 339 359 379 499
06.07.-13.07.2024 379 399 429 459
13.07.-20.07.2024 429 449 479 499
20.07-27.07.2024 429 449 479 499
27.07-03.08.2024 459 479 499 529
03.08.-10.08.2024 459 479 499 529
10.08-17.08.2024 459 479 499 529
17.08-24.08.2024 399 419 439 459
24.08.-31.08.2024 379 399 419 439
31.08.-07.09.2024 329 349 369 389
НАПОМЕНА без кујна без кујна со кујна со кујна
  • Цените се дадени за наем на соба/студио за 7 ноќи во Еур за уплата во МКД по курс 62 ден/Еур.
  • Студијата се опремени со комплетна кујна, фрижидер, клима (вклучена во цена) и тераси, а собите се без кујна.
  • Вилата се наоѓа на 100м од градска плажа каде не се плаќа за лежалки.
  • На располагање има и двор со неколку места за паркирање (инфо во агенција)
  • Шеталиштето, супер маркети, ресторани и пицерија има во непосредна близина на објектот,

Автобуски превоз преку Грција со доплата: Скопје, Велес, Охрид, Струга, Ресен 65 Еур. Штип 80 Еур.

Битола и Прилеп 55 Еур/лице. Деца 2-12 години -10 Еур од цената за возрасен.

  • За организиран превоз преку Ќафасан (со лични карти и стари пасоши) информација во агенција.
  • За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. Попустите не се комбинираат.
  • Туристичката такса се плаќа на рецепција.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Саранда и Ксамил преку Грција:
Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 65 € по лице
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 80€ по лице
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 65 € по лице
Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Саранда и Ксамил преку Грција:
Битола (Транскоп на перон ) – 55€ по лице
Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – Трансфер до Битола – 55€
Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 65€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -65€ по лице
Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -65€ по лице
Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

Време на поаѓање за КСАМИЛ (СЕ ПАТУВА ПРЕКУ ГРЦИЈА)
00:00 h Скопје (Дрводекор) – Трансфер
00:45h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – Трансфер
00:00h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер
01:30h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) – Трансфер
02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер
03:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
02.00h Ресен (спроти автобуска станица)–Трансфер
01:30h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер
01.15h Струга (Хотел Дрим) –Трансфер
01:45h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер

Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top