fbpx

Сицилија - Бисер на италијанскиот југ Авионска програма

  • Понудата е објавена на 02/07/2019

 Софија – Катанија – Сиракуза – Ното – Катанија – Етна – Таормина – Катанија – Чефалу – Палермо – Монреале – Марсала – Селинунт – Агриџенто – Пиаца Армерина – Рагуза – Катанија – Софија

Топ цена: 609 EUR
8 дена
Екскурзија со автобус и авион
Цена на ден од 77 EUR

Ден 1
Софија - Катанија Поаѓање од аеродромот во Софија во 20:30 ч. со директен лет на авиокомпанијата "Wizz Air" до Катанија. Слетување на аеродромот “Фонтанароса” во 21:25 ч. Сместување во реонот на Катанија. Слободно време. Ноќевање.


Ден 2
Катанија - Сиракуза - Ното - Катанија Појадок. Поаѓање за Сиракуза - родното место на древниот грчки научник Архимед. Туристичка програма со локален водич на археолошкиот парк "Неаполис" и историскиот центар на Сиракуза, наречен "Остров Ортиџа": остатоци од дорскиот Храм на Аполон; посета на величествената барокна катедрала "Рождество на Пресвета Богородица"; добро познатиот извор на Аретуса. Слободно време. Програмата со локалниот водич продолжува со посета на Ното - главниот град на сицилијанскиот барок. Разглед во историскиот центар на Ното. Слободно време. Враќање во хотелот. Ноќевање.


Ден 3
Катанија - Етна - Таормина - Катанија Појадок. Поаѓање за Етна - највисокиот активен вулкан во Европа. Искачување со автобус до станицата "Сапиенца" со можност за разгледување и прошетка по страничните кратери Силвестри. По желба и при поволни временски услови може да се стигне до централните кратери (3000 метри надморска височина) со жичен лифт и џипови. Попладневна посета на Таормина - познато сицилијанско одморалиште и шармантен мал град. Разглед во историскиот центар со можност да се посети Античкиот театар. Слободно време за самостојно разгледување на градот. На пат кон Катанија, туристите ќе уживаат во прекрасните погледи на Ривиерата на циклопите. Враќање во хотелот. Ноќевање.


Ден 4
Катанија - Чефалу - Палермо Појадок. Разглед во Катанија: стариот рибен пазар, плоштадот "Дуомо" со преубавата катедрала "Сант Агата", плоштадот "Университа" барокната улицата "Крочифери" и манастирот "Св. Бенедикт”, вклучен во Списокот на светското наследство на УНЕСКО. Слободно време. Поаѓање за Чефалу. Прошетка низ шармантните улици на Чефалу и посета на катедралата изградена во нормански стил. Слободно време со можност за посета на музејот “Мандралиска”. Сместување во реонот на Палермо. Ноќевање.


Ден 5
Палермо - Монреале - Марсала Појадок. Поаѓање за Палермо - престолнина на Сицилија и еден од најбогатите градови во однос на историјата и барокната уметност. Туристичка програма со локален водич во историскиот центар на градот: катедралата "Успение Богородично" со уникатна архитектура во арабо-нормански стил, плоштад "Преторија" со неверојатната Фонтана на срамот, црквата "Санта Марија дел Амираљо" ( "Ла Марторана") , Театарот “Масимо”. Слободно време. Поаѓање за Монтреал. Кратка прошетка во историскиот центар на градот со катедралата "Санта Марија Нуова", прогласена за 8-то светско чудо. Слободно време. Попладне, заминување за Марсала. Сместување во реонот на Марсала. Ноќевање.


Ден 6
Марсала - Селинунт - Агриџенто Појадок. Поаѓање кон Селинунт по т.н. "Патека на солта". Посета со локален туристички водич на археолошкиот парк, прогласен за најголем во целиот Медитеран. Слободно време. Поаѓање за Агриџенто за посета со локален водич на Долината на храмовите. Во минатото, градот бил најбогатата грчка колонија на Сицилија. Остатоците од девет храмови, кои денес се заштитени од УНЕСКО и се сметаат за најубави споменици на античките времиња надвор од границите на денешна Грција, сведочат за неговата големина. Не е случајно дека Храмот Конкордија бил избран како лого на УНЕСКО. Сместување во реонот на Агриџенто. Ноќевање.


Ден 7
Агриџенто - Пиаца Армерина - Рагуза - Катанија Појадок. Поаѓање за Пјаца Армерина. Посета на римската вила “Империјале дел Казале” - уникатна сенаторска резиденција од времето на Римското царство, оваа вила денес ги чува најдобрите римски мозаици во светот вклучени во Списокот на светското наследство на УНЕСКО. Слободно време. Поаѓање за “Рагуза Ибла” - една од најпривлечните знаменитости на Сицилија со својата античка атмосфера. Разглед во историскиот центар на градот: Централниот плоштад, кој станал популарен од ТВ серијата “Комесар Монталбано”; катедралата "Св. Георги "; егзотичните градини "Иблео". Слободно време. Поаѓање за Катанија. Сместување. Ноќевање.


Ден 8
Катанија - Софија Појадок. Напуштање на хотелот. Поаѓање кон Савока, каде што се снимени кадри од филмот

" Кум - 2“. Пешачки разглед до барот “Вители” и Kапуцинскиот манастир, основан во 1603 год., чија гробница зачувува некои од најдобро зачуваните мумифицирани остатоци од покојните монаси кои служеле во Светиот манастир. Слободно време. Поаѓање за Ачиреале. Пешачки разглед во историскиот центар: зградата на општината, базиликата "Св. Себастијан ", катедралата на “Марија Сантисима Анунциата” со параклисот на Венера, светец-заштитник на градот; црквата "Св. Доминик "во 17 в. Слободно време. Поаѓање за Катанија. Слободно време. Трансфер до аеродромот Фонтанароса, Катанија. Паѓање за Бугарија во 22:00 ч. со лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Слетување на аеродромот во Софија во 00:45 ч.

Термини на поаѓање

14.07.2019 Цена €609.00

11.08.2019 Цена  €609.00

15.09.2019 Цена €649.00


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски билет со вклучени аеродромски такси Софија - Катанија - Софија со "Wizz Air"
1 рачен багаж со димензии 40/30/20 cm до 10kg
Чекиран багаж до 20 кг
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
Транспорт со комфорен туристички автобус по опишаната рута
4 ноќевања со појадок во хотел *** во реонот на Катанија
1 ноќевања со појадок во хотел *** во реонот на Палермо
1 ноќевања со појадок во хотел *** во реонот на Марсала
1 ноќевања со појадок во хотел *** во реонот на Агриџенто
Туристичка програма со локален водич во Сиракуза, Ното, Палермо, Селинунт и Агриџенто
Пешачки разгледи во Таормина, Катанија, Чефалу, Монреале и Рагуза Ибла
Полуднена екскурзија до Етна
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Претставник - водич од Бугарија за време на целата екскурзија

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Такса за престој во Италија, која се плаќа на рецепција на секој хотел - 2-4 EUR на турист на ден (во хотел 2 * и 3 *) и 4-6 EUR на турист на ден (во хотел 4 *)
Искачување со жичен лифт и џип до централните кратери на Етна (64 евра)
Влезници за aрхеолошкиот парк "Неаполис" (10 EUR) и катердралата "Рождество Богородично" (2 EUR) во Сиракуза, дворецот "Николачи Виладората" (4 EUR) во Ното, Античкиот театар (10 EUR) во Таормина, катедралата "Успение Богородично "(7 EUR) и црквата" Санта Марија дел'Амираљо "(2 EUR) во Палермо, катедралата" Санта Марија Нуова "(3 EUR) во Монтреал, Археолошкиот парк (6 EUR) во Селинунт, Долината на храмовите (10 EUR) во Агриџенто, римската вила "Казале" (10 евра) во Пјаца Армерина
Бакшиш за возач (1 EUR на турист на ден - се плаќа задолжително на лице место)
Влезници за други музеи, објекти и настани кои се посетуваат по желба
Градски транспорт
Трошоци од лична природа
За лица над 65 години, автоматски се додава доплата за осигурителна премија


ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ

Специјална услуга: Ноќевање во хотел "Хемус" *** По пристигнување (цена на турист за сместување во двокреветна соба) €18.00
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** По пристигнување ( цена на турист за сместување во еднокреветна соба) €26.00


КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА

Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Време: Македонија 11 ч. Бугарија 12 ч; Италија 11 ч.
Можно е да се смени распоредот на летови од страна на авиокомпанијата
Организаторот го задржува правото да менува правци и часови или да премести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Цените на музеите може да се променат до датумот на посетата
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
Македонските државјани кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата.
Патувањето се спроведува при минимум 38 регистрирани туристи.

Информации и резервации 043 231 221

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top